• Latest

5 ноември: Нови функции и сопственици, посети, судење…

November 5, 2019

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

5 ноември: Нови функции и сопственици, посети, судење…

November 5, 2019 15:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Сасоли: Не се работи за историска грешка што не почнавте преговори, туку за застој што набргу ќе се надмине

На Европскиот совет не беше кажано „не“ за да почнете процес на преговори, туку дека ова прашање повторно ќе биде ставено на разгледување. Треба да и објасниме на јавноста дека не се работи за „не“, ниту за историска грешка. Јас претпочитам да кажам дека се работи за еден историски застој, за да се навратиме пак и овој процес на преговори да почне што е можно побрзо. Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно.

Ова беа клучните пораки кои претседателот на Европскиот Парламент ги упати денеска пред пратениците, високиот државен врв, лидерите на верските заедници и претставниците на дипломатскиот кор, во своето обраќање во Собранието на Северна Македонија.

Зеќир Рамчиловиќ предложен за нов потпретседател на Собранието

Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен  пратеник е предложен да биде нов потпретседател на Законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Групата пратеници ова барање вчера го доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој се очекува да го предложи Рамчиловиќ да биде избран за потпретседател на 116 собраниска седница што се очекува да започне попладнево.

ЕВН Македонија нов сопственик на Градската куќа под Кале

ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа на кејот на Вардар. Од Град Скопје информираат дека вчера успешно заврши електронската аукција, што, посочуваат, е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.

-На јавниот повик објавен на ден 17.10.2019, со број 01/2019 за продажба на недвижна ствар по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија. Согласно со законските прописи, вчера (04.11.2019 година) се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари, соопшти Град Скопје.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ се одложува за 13 декември, поради отсуство на пратеникот Илија Димовски.

– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“.

– Потврдена е средбата на претседателот Стево Пендаровски со францускиот колега Емануел Макрон. Средбата, како што не информираат од кабинетот на претседателот, ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

– Не се очекува Владата денеска на редовната седница да одлучува за барањето на СОНК за платите во образованието, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.

„Ние сме во процес на преговори помеѓу МОН, Владата и СОНК, на добар првец сме. Денеска имаме редовна седница на Владата и не се очекува денеска да одлучиме за ова прашање. Би требало наредните денови, ако не и утре, да одлучиме што понатаму“, рече Адеми.

– Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во прво читање го поддржа Предлог-закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија. Комисијата одлучи во меѓувреме да се одржи јавна расправа на која ќе бидат изнесени сите забелешки на предложениот закон.

– Кредитните услови и за домаќинствата и за претпријатијата во третиот квартал годинава бележат олеснување. Податоците објавени од Народната банка во Анкетата за кредитна активност покажуваат дека натамошно олеснување на условите се очекува и во четвртиот квартал.

МИСЛА

Улогата на пудрата за евро-пенетрација

„Не е лесно да се биде француски амбасадор во Скопје изминативе неколку недели. Од една страна, мора дневно да се менаџираат конфликтните и контроверзни ставови за проширувањето на ЕУ кои доаѓаат од различни центри на моќ во Париз (на пример, оние на Сенатот, наспроти претседателскиот став); од друга страна, тоа треба да се прави со една амбасадорска поза на принципиелност, која кај сегашниот француски амбасадор доаѓа како неодолива мешавина од симпатичност и жовијалност, лесно обоени со една напудрена француска помпезност“, пишува Сашо Орданоски.

Д-р Франкенштајн

„Тоа што не му доуспеа на Коце, го докрајчува Петре. Скопскиот плоштад, во најстрогиот градски центар кој посиве во времето на претходниот Трајанов, како тргнало, допосивува во времево на градоначалникот Шилегов. Пред влезот на ГТЦ деновиве се туткаат шлепери. Долгите многутонски камиони на големо истовараат илјадници разни бетонски дребулии. Понешто и гранит ама сеедно. И едното и другото, сиво. Не зелено, туку сиво“, пишува Зоран Иванов.

„Политичка коректност“, магична фраза на денешните „кројачи“ на јавното мислење

„Разни „либерални форуми“ на интернет, и на универзитети, коишто се сметаат себеси за бастиони на толеранцијата, користат фрази со  политичка коректност во своите ставови или несогласувања кога станува збор за (не) толеранција во сите аспекти, полови, етнички, верски, социјални, како и политички. Најчесто, со употреба на политички коректните именувања, всушност се истакнува етикетирањето на одреден поим, лице, група, или појава во општеството. Корисниците  на политичка коректност одат  предалеку со  привидно преземање благородни идеали како што се вклучување, права и застапување на одредени општествени групи, а истовремено ги игнорираат истите бидејќи не соодветствуваат со нивната претстава за тие права и реални вклучувања, првенствено заради страв од „опасност“ од губење на своите!?!“, пишува Диана Тахири.

Ангела Петровска во соработка со Маја Ивановска, Диана Тахири, Сашо Орданоски, Зоран Иванов. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ