Во последните 24 часа, Институтот за јавно здравје соопшти дека се направени 6.383 тестирања, а регистрирани 398 нови случаи со КОВИД-19. Починале четворица пациенти од кои тројца од Куманово (29г,49г и 74г) и еден од Гостивар (78г). Починати се во болнички услови, соопштија од Министерството за здравство.
Според бројките од ИЈЗ, од новите случаи, во Скопје се регистрирани 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола – 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на КОВИД-19.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 158.025, бројот на оздравени е 150.524, на починати е 5.507, а на активни случаи изнесува 1.994.












