• Latest

6 април низ вековите

April 6, 2018
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

6 април низ вековите

April 6, 2018 08:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

885.- Умрел словенскиот просветител Методиј, постариот брат на Кирил, со кого ја составил првата словенска азбука, глаголицата.

1199.- Умрел англискиот крал Ричард Први Плантагент, наречен „Лавовско срце“, еден од водачите во Третата крстоносна војна.

1490.- Умрел унгарскиот крал Марија Хунјади, познат како Матија Први Корвин, кој во текот на владеењето од 1458 година војувал против Турците и хабзбуршките владетели. Ја зазел Виена во 1486 година во која и умрел. По неговата смрт Унгарците ги изгубиле сите територии кои тој ги освоил.

1528.- Умрел германскиот сликар Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори.  Сликал природа, а работел и акварели. Неколку години живеел во Нирнберг, каде што ги создал најзначајните дела, вклучувајќи ги и „Четири апостоли“, „Портрет на Холцшуер“ и други.

1667.- Во земјотрес загинале три четвртини од населението на Дубровник, а поголемиот дел од градот бил уништен. По оваа трагедија Дубровник никогаш повеќе не успеал да ја врати старата слава бидејќи обемот на трговските работи кои градот тогаш ги имал никогаш не бил остварен.

1789.- Џорџ Вашингтон бил избран за прв претседател на САД.

1874.- Роден е американскиот магионичар, по потекло унгарски Евреин, Ерих Вајс, познат како Хари Худини, најпознатиот магионичар во 20. век. Името го сменил во чест на францускиот магионичар Жан Езен Робер Худин.

1890.- Роден е холандскиот воздухопловен инженер Ентони Херман Жерар Фокер, основач на воздухопловната индустрија „Фокер“, која и сега произведува авиони, главно патнички. Тој во Јохаништал кај Берлин 1912 година ја изградил првата фабрика за авиони. По војната изградил фабрика во Амстердам, а потоа ја проширил дејноста во САД и Шпанија.

1896.- Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.

1909.- Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигнал прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.

1917.- САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, и објавиле војна на Германија.

1941.- Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување војна го нападнале Кралството Југославија.

1946. – Роден е Иван Беќарев, српски филмски и театарски актер од македонско потекло. Првата филмска улога Беќарев ја остварил во 1967 година во филмот „Боксерите одат во рајот“. Големата актерска популарност ја стекнал со телевизиската серија „Бањица“ во 1984 година и преку ликот на Стевица Курчубиќ од телевизиската серија „Подобар живот“ (1987-1990). Остварил и низа театарски улоги во драмски дела од најпознати светски автори.

1965.- Првиот светски комерцијален сателит бил лансиран од космодромот Кејп Кенеди.

1971.- Умрел рускиот композитор Игор Фјодорович Стравински, еден од најуниверзалните музички творци во 20 век. Од 1910 живеел во Франција, а од 1937 година во САД. Дела: балетите „Жар-птица“, „Пролетна посветеност“, сценската кантата „Свадба“, мелодрамите „Приказна за војникот“, „Персефона“, операта-ораториум „Кралот Едип“, операта „Животот на развратникот“, Концертот за 16 инструменти, „Регтајм“, автобиографските трудови „Хроника на мојот живот“, „Музичка поетика“.

1991.- Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

1992.- Умрел американскиот писател и професор по биохемија од руско потекло Исак Асимов, писател на научно-фантастична проза. Научно-популарни дела: „Хемикалиите на животот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Внатре во атомот“, „Светот на нитрогенот“, „Човечкиот мозок“, „Науката, броевите и јас“. Литературните дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“.

1996.- Умрела американската филмска актерка од ирско потекло Грир Гарсон, добитник на Оскарот за филмот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Други филмови: „Збогум мистер Чипс“, „Мадам Кири“, „Јулиј Цезар“, „Излезот на сонцето во Кампобела“.

2000.- Умрел поранешниот претседател на Тунис – Хабиб Бен Али Бургиба, водач во борбата за независност. Бил прогласен за доживотен претседател на Тунис од 1957 година, но во 1987 година бил тргнат од власта со државен удар без крвопролевање.

2005.- На 81-годишна возраст починал принцот од Монако Рение Трети. Тој владеел со Монако од 1949 година и бил европски лидер кој најдолго останал на престолот. Негов наследник е принцот Алберт. Рение Трети беше оженет со холивудската дива Грејс Кели.

2007.- Умрел италијанскиот режисер Луиџи Коменчини, основач на Италијанската кинотека. Кариерата ја започнал како филмски критичар, а дебитирал на големото платно со документарниот филм „Деца во град“ (1946 година). Филмови: „Доживувањата на Пинокио“, „Леб, љубов и фантазија“.

###

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 6 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ