• Latest

9 јуни низ вековите

June 9, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

9 јуни низ вековите

June 9, 2018 09:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

68.- Римскиот император Нерон извршил самоубиство по ерупцијата на народното незадоволство. Тој ја презел власта по смртта на царот Клавдиј и во почетокот бил под влијание на својот учител, филозофот Сенека. Во 64 година избувнал пожар во Рим, за кој се смета дека го подметнал Нерон.

1661.- Роден е рускиот цар Фјодор Трети Алексеевич Романов кого по смртта во 1682 го наследил неговиот полубрат Петар Велики. Фјодор Трети Алексеевич Романов станал цар во 1676 година. Бидејќи бил малолетен и болежлив, тој не бил во состојба самостојно да владее. Тогаш со земјата управувале неговите вујковци. Во текот на неговото владеење Русија ја зацврстила власта на огромните новоосвоени територии во Сибир и источна Украина, а бил овозможен и развојот на занаетите, рударството и трговијата.

1672.- Роден е рускиот цар Петар Први Алексеевич Романов, наречен Петар Велики, кој во текот на владеењето од 1682 до смртта во 1725 година, руската држава ја подигнал на ранг на светска сила од прв ред. Бил прогласен за цар уште како дете, а власта ја презел во 1689 година. Се покажал како добар војсководец кога на двапати војувал со Османското царство. По победата над Шведска, на Русија и обезбедил излез на Балтичкото Море, а со победата над Прусија обезбедил излез и на западните и на јужните брегови на Каспиското Море.

1781.- Роден е англискиот инженер и пронаоѓач Џорџ Стивнесон, „таткото на железницата“, кој во 1814 година ја конструирал првата употреблива парна локомотива. Во 1825 година ја проектирал првата јавна железничка пруга Стоктон – Дарлингтон и ги вовел челичните шини наместо дрвените, а во 1829 година ја изградил и пругата Ливерпул – Манчестер, на која неговата локомотива „Рокит“ постигнала тогаш рекордна брзина од 56 километри на час. Во Њукастл во 1823 година ја основал првата фабрика за локомотиви.

1870.- Умрел англискиот писател Чарлс Џон Хафем Дикенс, основач на социјалниот роман, типичен претставник на реализмот. Напишал 20-ина романи. Дела: „Дејвид Коперфилд“, „Оливер Твист“, „Пиквиков клуб“, „Малата Дорит“, „Николас Никлби“, „Големите очекувања“…

1898.- Со договорот меѓу Лондон и Пекинг, Кина на Велика Британија и го отстапила  Хонгконг на 99 години. (Британскиот назив на Хонгконг бил Викторија).

1928.- Медицинскиот гласник на Британската кралска академија објавил дека микробиологот Александар Флеминг го пронашол првиот пеницилински антибиотик, кој набрзо почнал масовно да се употребува за спречување на инфекции. Флеминг, Флори и Чејн во 1954 година ја поделиле Нобеловата награда за медицина.

1945.- Југославија со Велика Британија и САД постигнала договор со кој слободната зона Трст била поделена на две окупациски зони – „А“ и „Б“. Првата потпаднала под сојузничката, а втората под југословенската воена управа.

1967.- Египетскиот претседател Гамел Абдел Насер еден ден пред завршувањето на шестдневната Израелско-арапска војна поднесол оставка поради понижувачкиот воен пораз на Египет, но подоцна на референдум Египјаните гласале да остане шеф на државата.

1974.- Во Мадрид умрел Мигел Анхел Астуријас, гватемалски писател. Неговите дела имаат социјална обоеност зашто во нив ги прикажува тешките општествени и економски проблеми во својата земја. Најзначајни негови дела се „Господинот претседател“, „Пченкарни луѓе“, „Бананска трилогија“ и други. Во 1967 година ја добил Нобеловата награда за литература за впечатливото и со висок поетски стил изнесување на националните црти и традиции на латиноамериканските индијански јазици. Роден бил во Сиудат Мексико, на 19 октомври 1899 година.

1991.- Американците ја почнале евакуацијата на воздухопловната база на Филипините која била загрозена од силна ерупција на вулканот на блиската планина Пинатубо. Вулканот бил во мирување 600 години. Благодарение на навременото предупредување, бројот на загинатите Филипинци не бил поголем од стотина, додека 250.000 луѓе останале без покрив над главата.

1998.- Последниот американски астронаут го напушти „Мир“ со што завршила руско-американската соработка на оваа руска вселенска станица.

1999.- Во кампот на француската бригада на НАТО на спортскиот аеродром „Аџитепе“ кај Куманово, по петдневни преговори, југословенските и НАТО генералите го потпишале Воено-техничкиот договор за повлекување на југословенските воени и безбедносни сили од јужната српска покраина Косово. (МИА)

Tags: 9 јунивремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ