• Latest

9 октомври: Истраги, обвиненија, санкции…

October 9, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

9 октомври: Истраги, обвиненија, санкции…

October 9, 2019 16:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ПЕТ ФИЗИЧКИ И ЕДНО ПРИВАТНО ЛИЦЕ ПОД ИСТРАГА ЗА ИЗМАМА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама“, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело.

РЕМЕНСКИ ОСОМНИЧЕНА ВО РЕКЕТ, ЗЕАВ НАЈАВИ НЕЈЗИНО РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИИ

На денешната прес -конференција, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев, изјави дека и Фросина Ременски, потпретседателка на Собрание, поради инволвираност во случајот „Рекет“ ќе биде разрешена од сите партиски функции.

Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинито или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени  секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан  дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со функционер од власта.

МИЦКОСКИ: ГРУЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во синоќашната емисијата „24 Отворено“, најави дека Никола Груевски повеќе нема да биде почесен претседател на опозициската партија, бидејќи се укинува тој статус. Покрај таа функција, се укинуваат и уште неколку други места во партијата.

Мицкоски не сакаше експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен претседател во моментов, но истовремено е пребеган азилант во Будимпешта избегнувајќи ја двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Софија ќе поддржи отворање преговори со Скопје и Тирана. Бугарија ќе ја поддржи одлуката за почеток на преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, одлучи денеска бугарската Влада. Сепак, Софија постави и услови што ќе треба да бидат исполнети во текот на преговорите.

Пендаровски: Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори. Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Свесни сме за предизвиците со кои се соочува ЕУ, како и за дебатите за проширување, но секое одолговлекување на европските перспективи на регионот значи потенцијално отворање простор за други актери, вклучително и безбедносни, кои не нудат одржливи алтернативи на ЕУ и НАТО, изјави Пендаровски.

Димитров: Направивме суштинска промена и станавме светол пример во регионот. Во Северна Македонија во изминативе неколку години успеавме да направиме суштинска општествена промена. Тргнувајќи од состојба на заробена држава, како што ја дефинираше Европската Комисија во 2016 година, станавме земја светол пример во регионот, но и пошироко, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е кодомаќин на денешниот регионален промотивен настан на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal facility“ за Западен Балкан и Турција втора фаза.

Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, решен е недостигот. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека секој граѓанин, секој пациент има право да има пристап до лек во кој било ден од месецот и оти со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт е решен проблемот со недостигот на лекови.

Законот за Водно една година заглавен во Министерството за животна средина. Помина повеќе од година дена откако Владата го задолжи Министерството за животна средина во рок од 30 дена да изготви предлог закон за Водно, а сè уште нема конкретна реализација на оваа Владина одлука. Донесувањето на ваков закон беше предвидено како своевидна компензација за одлуката гасоводната траса сепак да поминува низ парк-шумата, по повеќемесечните протести на еколошките здруженија за спас на Водно. Единствено што од тогаш па досега беше направено за заштитата на парк-шумата Водно беше одржувањето на јавната расправа на 26 август за студијата за валоризација на заштитено подрачје парк-шума Водно.

Јовески: До овој момент не е постигната спогодба за случајот „Рекет“. До овој момент конкретна спогодба со осомничените за случајот „Рекет“ не е постигната, ниту е влезено во посериозни договори околу спогодбата иако, како што изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, некои од нив биле заинтересирани за тоа. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди Јовески одговарајќи на новинарско прашање во Врховниот суд каде присуствуваше на завршниот настан по повод доделувањето на дипломите на шестата генерација кандидати во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ и во октомври продолжува со уште подинамично темпо со проектни активности, секогаш во блиска комуникација со граѓанките и граѓаните, и институциите на локално и регионално ниво.

Теренските активности на самиот почеток на октомври започнаа со инфо-штандови за „Зелена иднина“ на неколку локации во центарот на Скопје, а ќе продолжат и понатаму наредната недела. На овој начин, тимот на ЦИВИЛ е во директна комуникација со граѓанките и граѓани, преку информативни и едукативни материјали и разговори, споделувајќи ги идеите, ставовите и можните решенија на проблемите и да придонесат кон општествени промени во секоја сфера од животот, со промоција на зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

Во октомвриската агенда на ЦИВИЛ е општинскиот настан „Зелена иднина“ во Струмица , на 15 октомври, со почеток во 13 часот.

На тема граѓанско новинарство, како алатка за мониторинг и разобличување на погрешните политики и практики, со што се придонесува и кон транспарентно и одговорно општество, организира еднодневен регионален семинар во Прилеп, во градската библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, со почеток во 10 часот.

Конференцијата „Доаѓа времето на Зелените“ ќе се одржи на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот. На конференцијата се поканети граѓански организации и иницијативи, политичките партии и институциите на национално и локално ниво.

 

М. Ивановска
во соработка со: Дијана Тахири, Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Ангела Петровска и Ариан Мехмети.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ