• Latest

Новиот државен универзитет – импровизација без квалификуван кадар!?

February 5, 2016

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Новиот државен универзитет – импровизација без квалификуван кадар!?

February 5, 2016 16:49
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, кој од средината на декември е со нов состав, за еден месец, издаде дозвола за формирање на два нови државни универзитета во Скопје. Покрај универзитетот “Мајка Тереза”, каде наставата ќе се одвива на албански јазик,  поднесен е Предлог-закон за формирање на универзитетот “Дамјан Груев” на македонски јазик. 

Предвидено е Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир “Дамјан Груев”, да има 8 конститутивни единици: Воена академија за копнена војска, Воздухопловна академија, Факултет за безбедност, Медицински факултет, Факултет за мировни студии и кризен менаџмент, Правен факултет, Институт за командни и штабни функции и лидерство, Институт за информатички технологии и сајбер безбедност.

Иако иницијаторите за новиот универзитет сметаат дека од аспект на заканите, системот за национална безбедност е неопходно да биде интегриран и преку изградба на нови капацитети во образованието и обуката за потребите на националната безбедност, партиските членовите на собраниската Комисија за високо образование, од стартот беа директно спротивставени со ставовите околу  потребата од уште еден државен универзитет.

Како што изјави заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, направена била сеопшта анализа на искуствата коишто постојат во западноевропските земји, согласно чии што стандарди Министерството за одбрана функционира и работи, и била констатирана потреба од формирање на еден ваков универзитет во чии што рамки ќе влезе веќе постојната Воена академија која досега функционираше како дел од високообразовниот систем.

Од опозиционата СДСМ, поднесени се 1.000 амандмани, затоа што според нив, досега нема поднесено елаборат и стручни мислења за потребата за формирање на вториот државен универзитет во Скопје.

Предлог-законот за основање на Универзитет за национална одбрана и безбедност „Дамјан Груев“ е на второ читање во собраниската комисија, а редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, во меѓувреме разговараше со професори од универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, за нивниот став, по прашањата – дали има потреба од уште еден универзитет, има ли доволно кадар што ќе предава на новиот универзитет, и што тоа значи за образовниот систем во Македонија?

Ставовите на професорите д-р Ненад Марковиќ, д-р Гордана Силјановска – Давкова и на професорот во пензија д-р Владимир Борозанов, дополнително ќе Ви ги пренесеме.

Марија Теговска

 

 

 

Tags: високо образованиерасправауниверзитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ