Во парламентот на Република Албанија се достави барањето на социјалистите за започнување на постапката за разрешување на претседателот Илир Мета.
Барањето го потпишале 55 пратеници, како и од новата парламентарна опозиција. Координаторот на пратеничката група, Таулант Бала, изјави дека Мета направил неколку повреди на Уставот, со кои сериозно го прекршил „начелото на остварување на суверенитетот од страна на народот“ со што се ставил над Уставот. Со многуте сериозни прекршувања на Уставот, нагласи Бала, исполнети се условите утврдени во член 90 точка 2, за да побараме постапка за разрешување на претседателот. За разрешување на Мета потребни се 94 гласови. По дадените 100 гласови за отфрлање на уредбата за одложување на изборите, се верува дека ќе биде изгласано и барањето за отповикување. Според Уставот потоа одлуката на Парламентот треба да ја потврди Уставниот суд, но поради негово нефункционирање не е јасно кој ќе биде следниот чекор на социјалистите.