fbpx
Фото: Укринформ
Фото; Укринформ
Фото: Скриншот
Фото: Фејсбук

18 јуни: Реконструкции, рокови, пресуди и неодлучност

Списокот на нови министри ќе биде објавен во петок

Кои министерства ќе добијат нови министри и кои министри ќе останат без функциите ќе се дознае во петок, кога се очекува, премиерoт Зоран Заев официјално да ја поднесе листата со министри до Собранието.

Меѓу имињата кои кружат во јавноста се Горан Милевски од Либерално-демократската партија.

Неофицијално, премиерот Заев предложил ЛДП да избере помеѓу култура и локална самоуправа. Но, сепак во партијата понаклонети биле кон ресорот локална самоуправа каде што се уште раководи Сухејл Фазлиу од партијата на Весел Мемеди. Зоран Шапуриќ од ЛДП кој раководи со министерството без ресор пак, се поизвесно е дека ќе ја отстапи функцијата на кадар на партијата на Мемеди. Со назначување на Милевски за нов министер, неговото пратеничко место во Собрание ќе го пополни пратеничка од СДСМ.

Она што е сигурно е дека култура, земјоделство и политички систем се трите ресори кои сигурно ќе добијат нови министри. Според информации од ДУИ актуелниот министер за животна средина Садула Дураку ќе биде на чело на новоформираното министерство за политички систем, а неговото место во животна средина и просторно планирање ќе го пополни Насер Нуредини, син на бизнисменот Аки Нуредини.

На почетокот на идната недела најверојатно ќе се одржи и собраниската седница каде што пратениците ќе гласаат за новиот владин состав.

Од СДСМ не откриваат многу детали, освен дека до петок премиерот ќе ги соопшти промените кај високите функционери, а паралелно и на новите директори на државните институции.

Во меѓувреме од СДСМ најавуваат и внатрепартиски измени. Ветуваат дека во идниот период ќе се надгледува сработеното на функционерите на СДСМ. Доколку не ги исполнат очекуваните резултати од партиската програма,  тврдат дека од нив ќе бараат одговорност.

Пресудата за 27 април доставена до обвинетите и адвокатите

Пресудата за извршителите на нападите на крвавиот 27 – ми април, која е напишана на 1.055 страни, судијката Добрила Кацарска ја достави до обвинетите и адвокатите.

Сега одбраната има рок од 15 дена да напише жалба на досудените 211 години затвор за 16 обвинети за крвавиот 27 април.

Кривичниот суд пресудата на писмено требаше да ја достави за 60 дена, го проби рокот поради големината на предметот и бројот на обвинети. Адвокатите веќе започнале да подготвуваат жалби до Апелација. Највисока затворска казна доби поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков или 18 години, додека најниска, седум години доби членот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими.

И по три месеци нема договор за СЈО

Власта и опозицијата три месеци не можат да се договорат околу донесувањето на законот за јавното обвинителство, со кој ќе треба да се определи судбината на СЈО. Последната официјална средба меѓу преговарачите се одржа пред пет недели по што разговорите застанаа. И двете страни велат дека средби не се закажуваат затоа што тие биле непродуктивни.

Носењето на законот е се понеизвесно имајќи го во предвид тоа дека на почетокот на август Собранието се распушта поради летните одмори.

Министерката за правда, Рената Дескоска, вчера рече дека очекува поддршка за веќе подготвеното законско решение не само од владејачките партии, туку и од опозицијата, но преговарачот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мандатот на специјалната обвинителка Јанева истекува на 15ти септември. Од институцијата со која таа шефува признаваат дека неизвесноста околу иднината на СЈО им создава потешкотии и од тие причини не покренуваат нови обвиненија.  Обвинителката Фатиме Фетаи вчера во телевизиско гостување им порача и на власта и на опозицијата да не помислуваат да носат закон кој би имал за цел да амнестира сторени кривични дела.

Критики и апел за нов мандат на СЈО пред неколку дена беа испратени и од шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава. Забелешките беа испратени во насока на времетрањето на постапките, а  и тоа дека дел од предметите на сјо се преплавени со докази и сведоци.

Онлајн петиција на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

ЦИВИЛ формираше граѓанска работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото на 5 јуни 2019, кога се одржа и трибина на истата тема. Прв чекор на ЦИВИЛ и Работната група е онлајн петиција со барања за укинување на привилегиите:

Иницијативата за укинување на привилегиите – #КрајЗаРасипништвото бара:

Укинување на апанажите на било кое ниво за било која позиција.

Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.

Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.

Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.

Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.

Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.

Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Значително намалување на превисоките плати на избраните и именуваните функционери. Намалување на бројот на пратеници во Собранието на РСМ од 120 на 80 пратеници; Намалување на министрите во Владата на максимум 10 и укинување на функцијата Министер-ка без ресор.

Јавно објавување на висината на платите и додатоците на плата на сите функционери и раководни лица во институциите и јавните претпријатија на локално и национално ниво.

Да се воведат регулативи и практики за привилегиите слични на оние во Кралството Шведска или Сојузна Република Германија, па дури и со повеќе ограничувања.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email

CIVIL MEDIA NEWSLETTER