• Latest

Онлајн петиција на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

June 18, 2019
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Онлајн петиција на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

June 18, 2019 15:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ формираше граѓанска работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото на 5 јуни 2019, кога се одржа и трибина на истата тема. Прв чекор на ЦИВИЛ и Работната група е онлајн петиција со барања за укинување на привилегиите:

Иницијатива за укинување на привилегиите – #КрајЗаРасипништвото

За потпишување на Петицијата, кликнете ТУКА.

Со потпишувањето на оваа Петиција, ја искажувам мојата поддршка на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото што ја поведоа ЦИВИЛ и група граѓанки и граѓани за укинување или драстично намалување на привилегиите.

Почнувајќи од привилегиите во кои уживаат поранешните претседатели, завршувајќи со актуелните функционери на Владата или Парламентот, како и раководители на државни агенции и други институции, односно сите функционери, именувани или избрани, на локално или државно ниво – сите нивни привилегии мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

БАРАМЕ:

Укинување на апанажите на било кое ниво за било која позиција.

Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.

Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.

Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.

Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.

Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.

Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Значително намалување на превисоките плати на избраните и именуваните функционери.
Намалување на бројот на пратеници во Собранието на РСМ од 120 на 80 пратеници;
Намалување на министрите во Владата на максимум 10 и укинување на функцијата Министер-ка без ресор.

Јавно објавување на висината на платите и додатоците на плата на сите функционери и раководни лица во институциите и јавните претпријатија на локално и национално ниво.

Да се воведат регулативи и практики за привилегиите слични на оние во Кралството Шведска или Сојузна Република Германија, па дури и со повеќе ограничувања.

Барања од ЦИВИЛ и граѓанките и граѓаните подразбираат сериозни, искрени и доследни интервенции во: Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието, Законот за пратениците, Законот за правата на претседателот, како и во низа други закони, деловници, правилници и друга регулатива што овозможува расипничко трошење на јавните пари и злоупотреби на моќта на локално и национално ниво.

ЦИВИЛ и граѓанките и граѓаните што ја поддржуваат оваа иницијатива изјавуваат дека е бесмислено да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапите патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавките на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.

ЦИВИЛ бара да се ревидираат сите законски регулативи според кои им се даваат прекумерни привилегии и на актуелните и на функционерите во заминување. Во време кога ни умираат деца поради лошото здравство, кога младите во огромен процент се функционално неписмени, кога луѓе гладуваат и се мрзнат по своите домови, бесмислено е да се трошат милиони евра за задоволување на апетитите на функционерите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ