• Latest

СЕММ и ЗНМ: Професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

June 24, 2019
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СЕММ и ЗНМ: Професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

Aпел до медиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството

June 24, 2019 13:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повикуваат медиумите да известуваат професионално и одговорно за Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, третирајќи ги темите што ја засегаат ЛГБТ заедницата низ призма на афирмација на човековите права и осудувајќи го говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

„Особено апелираме до медиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството.

Потсетуваме на Препораката на Советот на Европа од 2010 за борба со дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, според која земјите – членки треба да преземат соодветни мерки за борба против сите феномени на изразување, вклучително и во медиумите и на Интернет, за кои што со право се смета дека ќе имаат ефект на поттикнување, ширење или промовирање на омраза и други форми на дискриминација на ЛГБТ лицата. Таквиот говор на омраза треба да биде забранет и јавно отфрлен секогаш кога ќе се случи.

Во исто време, медиумите ги потсетуваме на Декларацијата за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ на Коалицијата Маргини, Советот за етика во медиумите, Здружението на новинари на Македонија и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, чии принципи се следниве:

1. Нестереотипизирачко известување за ЛГБТИ

2. Воздржување од и осуда на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или која било припадност на историски и општествено маргинализирана група

3. Известување за жртвите на насилство и дискриминација обоено со емпатија и солидарност

4. Непарцијално известување за активностите на ЛГБТИ заедницата и активистите за човекови права во рамки на целокупната општествена, политичка и културна сфера, почитувајќи ги нивниот личен интегритет, мислење и активности

5. Вклученост на гласовите и перспективите на ЛГБТИ луѓето и активистите за нивни права, во прилози поврзани со теми кои директно ги засегаат, како и настани и проблеми кои го засегаат целокупното македонско општество

6. Почитување и имплементација на одлуките и препораките на еснафските, саморегулаторните и регулаторните тела и здруженија поврзани со заштитата и почитувањето на човековите права на ЛГБТИ

7. Сензитивизација на медиумските работници за известување за теми поврзани со ЛГБТИ и

8. Соработка со граѓанските здруженија кои се застапуваат за правата на ЛГБТИ, преку размена на информации кои ќе овозможат интегрален и непарцијален приказ на проблемите кои ги засегаат ЛГБТИ.

Од медиумите, исто така, очекуваме да ги отстрануваат коментарите од посетителите на нивните веб-страници и на социјалните мрежи кои содржат повици за насилство, навреди и говор на омраза за сексуалната ориентација и родовиот идентитет“, се вели во нивното соопштение.

СЕММ и ЗНМ апелираат сите регистрирани случаи на кршење на професионалните стандарди во известувањето на медиумите да се пријавуваат преку пополнување на формулар до Комисијата за жалби и преку пополнување на Обрзаец за претставка што може да се најде на сајтот на ЗНМ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ