• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025 15:04
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека ја прифатил понудата од Гунвор Груп ДОО за купување на Лукоил Интернешнл ГмбХ – 100% подружница на ПЈД „Лукоил“ која ги поседува меѓународните средства на Групацијата Лукоил.

Во штуриот одговор на прашањето на ЦИВИЛ дали во оваа трансакција ќе биде опфатена и подружницата во Северна Македоника,  од Лукоил Македонија (по претходно не одговорени неколку прашања, од кое првото поставено уште на 25 септември, и неколку пати повторено и дополнето во меѓувеме) не информираа дека ЛУКОИЛ Македонија е во 100% сопственост на LUKOIL International GmbH, испраќајќи го во прилог на ивниот допис соопштението на ЈАД ЛУКОИЛ, кое редакцијата секако го имаше претходно.

Продажбата на Лукоил Интернешнл ГмбХ доаѓа по неодамнешните американски санкции, објавени по пропаѓањето на подготовките за самитот на високо ниво помеѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта, кои се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании – Роснефт и Лукоил – заедно со десетици нивни подружници, ефикасно замрзнувајќи ги сите средства на тие компании со седиште во САД.

Но како токму Гунвор груп се јави како понудувач/купувач на сретствата на Лукоил во странство. Купувачот Гунвор Груп ДОО е мултинационална компанија за трговија со енергетски производи регистрирана на Кипар, со главна трговска канцеларија во Женева, Швајцарија. Gunvor има и трговски канцеларии во Сингапур, Хјустон, Стемфорд, Лондон, Калгари и Дубаи, со мрежа на претставништва низ целиот свет. Компанијата е основана во 2000 година и веднаш се здобива со популарност како најголем трговец со руска нафта во светот. Како основачи се јавуваат шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист, кој е и извршен директор и рускиот олигарх и милијардер Генадиј Николаевич Тимченко, познат по своите блиски врски со Владимир Путин и неговите инвестиции во енергетскиот сектор.

Дали токму тој е линкот за продажбата на Лукоил Интернешнл ГмбХ на Гунвор груп.

Тимчено е основач и сопственик на приватната инвестициска фирма Volga Group и има удели во разни руски бизниси од енергетскиот сектор, вклучувајќи ја гасната компанија Новатек и производителот на петрохемиски производи Sibur Holding.

Тимченко раководел со државна компанија за извоз на нафта и станал еден од нејзините најголеми акционери кога подоцна била приватизирана. Тој е еден од најмоќните луѓе во Русија, според Форбс, неговото богатството се проценува на 23,2 милијарди долари.

Toj e и акционер во Банка Русија, која беше санкционирана поради помагање во дестабилизацијата на Украина и консолидацијата на Крим во Русија и се смета за лична банка на високи функционери на Руската Федерација. Банката

Тој се спријателил со Путин во 1990-тите во Санкт Петербург, кога заедно со браќата Ротенберг, дел од внатешниот круг на Путин, основале џудо клуб наречен Јавара-Нева.

Внатрешниот круг на Путин. Извор: CNN

Тимченко бил санкциониран од САД во 2014 година и од ЕУ и Велика Британија во 2022 година, и моментално нема удел во групацијата Гунвор, откако ги продал своите акции на коосновачот Торбјорн Тернквист во март 2014 година, во очекување на санкциите од САД, кои биле воведени следниот ден.

Тимченко по санкционирањето беше принуден да го приземји својот приватен авион во Москва откако „Галфстрим“ одби да го опслужи авионот.

Според истражувањето на ОЦЦРП, постојат гласини дека Тимченко е финансиски поврзан со Путин. Според Министерството за финансии на САД, кое го санкционираше поради овие врски во 2014 година, „активностите на Тимченко во енергетскиот сектор се директно поврзани со Путин. Путин има инвестиции во Гунвор и може да има пристап до средствата на Гунвор“. Се разбира, „Гунвор“ го негираше ова, велејќи дека „претседателот Путин нема и никогаш немал никаква сопственост, бенефицијална или друга врска во „Гунвор“.“

Како што објави Follow the money пораншниот ко-сопственик и основач на „Гунвор“, Тимченко, од страна на американските дипломати е нарекуван „паричникот на Путин“, според протечените дипломатски „телеграми“ објавени од Викиликс во 2010 година.

Како знак на блискоста на Тимченко со Путин, рускиот претседател му подарил кученце од неговото сакано куче Кони, пренесува Си-ен-ен според извештаите на руските медиуми.

Драган Мишев во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

Tags: Владимир ПутинГенадиј ТимченкоГунворЛУКОИЛ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ