Центарот за истражувачко новинарство СКУП, како дел од поректот Политички Експонирани личности, ги истражи имотните состојби на повеќе министири и минстерки.
Според нивното истражување, имотот на министреката за труд и социјална политика, Мила Царовска во септември 2018 година имал вредност од само 212.990 евра, додека сега тој изнесува 1.591.597 евра.
Кај министерот Дамјан Манчевски, има промена во имотната листа и зголемување на имотот од 89 на 125 илјади евра.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска на својата имотна листа таа го дополнила моторното возило „BRBCAN AM Outlander MAX XT-P1000 T 3 B ABS“ вредно 15 илјади евра, во сопственост на нејзиниот сопруг. Таа подигнала и кредит во висина од 25 илјади евра, чиј што рок за враќање е 2024 година.
Имотната состојба на министерот Никола Димитров, за разлика од горенаведените министри, е намалена и нејзината вредност од 880 илјади евра се намалува на 570 илјади евра.
Повеќе информации за истражувањето можат да се најдат на веб страницата на СКУП.












