• Latest

Шекеринска во Брисел на билетерални средби со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО

June 27, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска во Брисел на билетерални средби со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО

По самитот, министерката ќе учествува на престижниот Бриселски форум, организиран од Германскиот Маршалов Фонд, каде ќе говори на тема иновациите и новиот пристап кон безбедноста

June 27, 2019 11:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вчера и денес во Брисел учествува на министерски состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, втор пат по потпишувањето на пристапниот протокол за членство на нашата земја во Алијансата.

Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, Шекеринска разговараше со министерките за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, и на Холандија, Анк Билјевелд Шоутен. Шекеринска изрази очекување дека ратификационите процеси и во овие две пријателски и партнерски земји ќе завршат во кус период.

На состанокот, министрите за одбрана повторно ја повикаа Русија да ја напушти политиката на непочитување на овој Договор, кој е еден од столбовите за безбедноста на европскиот континент.

Во својата изјава, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во името на министрите за одбрана, истакна дека НАТО се подготвува за свет без ваков важен Договор, а како мерки кои би биле во сила по 2 август, доколку позицијата на Русија не се промени, ги наведе воените вежби, против-ракетната одбрана и активностите за набљудување и извидување.

На средбата со норвешкиот министер за одбрана, Франк Баке – Јенсен, Шекеринска се заблагодари за ратификацијата на пристапниот протокол во норвешкиот парламент. Министерката истакна дека надежта и амбициозниот план на нашата држава, како и посветеноста на сојузниците на прашањето на ратификација покажуваат дека истиот може да заврши во рекордно време, односно до декември годинава. Шекеринска и Баке – Јенсен заклучија дека билатералната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка е на исклучително високо ниво и се заложија оваа соработка да продолжи да се развива и како сојузници во НАТО – Алијансата.

Министерскиот состанок продолжува денеска со две сесии, од кои едната посветена на мисијата на Алијансата во Авганистан, „Одлучна поддршка“. Денеска ќе се реализираат и дополнителни билатерални средби со министри за одбрана на земји – членки на НАТО.

По самитот, министерката ќе учествува на престижниот Бриселски форум, организиран од Германскиот Маршалов Фонд, каде ќе говори на тема иновациите и новиот пристап кон безбедноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ