„Да прашам, за тие што веќе го пробалe, како е новиот автопат Скопје-Штип? Веќе неколку недели се вози низ него, па да прашам за оние кои го возеле или пак ги возеле: задоволни?
Се радувам што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. Не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО. Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават“, напиша на Фејсбук бегалецот екс-премиер, Никола Груевски.
Груевски додава дека голем труд за овој пат вложи и Миле Јанакиески кому “за награда и благодарност” сега го малтретираат и се изживуваат со него по судови и затвори.
„Нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат. Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба.
Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен!
Поздрав од Будимпешта“, нагласи Груевски.