Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба конечно да влезе зад решетки за издржување на затворска казна од 4 години и 8 месеци. Денеска и Кривичниот совет соопшти дека на 12 јули ја одбил жалбата на Кочан, со тоа што ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд кој на 5 јули одговори негативно на неговата жалба за одложување на издржувањето на затворската казна.
Првостепената одлука беше 6 години затвор, а Апелација во март годинава ја намали на 4 години и 8 месеци. Кочан се прогласи виновен за незаконско добивање на тендер од ЕЛЕМ.
Во меѓувреме обвинетиот испратил уште едно барање за одлужување на казната поради болест, а конечната одлука треба да се донесе откако ќе се прегледа целата документација за случајот.
А. З.












