• Latest

Министерот за култура и рускиот амбасадор си ветија дека ќе ја продолжат и надградат традиционалната соработка меѓу Скопје и Москва

July 18, 2019

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Министерот за култура и рускиот амбасадор си ветија дека ќе ја продолжат и надградат традиционалната соработка меѓу Скопје и Москва

Во знак на големо пријателство и доверба, Баздникин на Исмаили му подарил комплет озвучени руски бабушки во облик на Бетмен. Баздникин покажал посебна благодарност за квалитетниот албански коњак и споделил со домаќинот информации за врските на опозицијата во Албанија со руските „традиции“...

July 18, 2019 21:22
in САТИРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура, Хусни Исмаили, соопшти дека имал средба со рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин. Во соопштението, македонскиот министер за култура се пофали дека, заедно со рускиот амбасадор, „ја потенцирале досегашната одлична соработка во делот на културата меѓу двете земји“.

***

Тие на средбата, заедно, во хор читале една изјава на македонски јазик со руски акцент во која се воспева соработката што „резултираше со реализација на повеќе квалитетни содржини“.

***

Од балконот на македонското министерство за култура, ечеле песни на македонски и руски јазик, а најмногу се слушале тапкања по рамо и извици на восхитување еден од друг.

Македонскиот министер за култура и рускиот амбасадор се согласиле дека најубави биле деновите на „традиционалната соработка“ од времето на партиската култура на Режимот што го спроведуваше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во соработка со руската држава. Таа традиција значеше и бројни патувања и милиони евра за да му се овозможи силен руски шмек на најуметничкиот проект во Европа, Скопје 2014.

Исмаили и Баздникин се согласиле, па и нагласиле и истакнале, дека Канческа-Милевска и нејзиниот тим почесто патуваа во Москва отколку што просечен жител на Скопје патува од Ѓорче Петров до Матка во текот на целиот живот. Воедно, соодветно на претходно договорената агенда, тие на своите лаптопи ја разгледале и хотелската понуда на Москва и Санкт Петерсбург. Екстра од тоа, Баздникин на својот домаќин му понудил и прошетка до новите руски територии на Крим кој Руската Федерација достоинствено го анектираше во 2014 година.

Исмаили и Баздникин се договориле да ја збогатат традицијата на соработка, интензивирана од Канческа-Милеска и да ги надминат сите нејзини успеси, вклучувајќи ги и сумите и бројот на патувањата. Се договорија, онака гушнати на балконот, дека претставници на македонското министерство ќе одат во Москва почесто отколку што просечен македонски пензионер посетува аптеки.

Откако завршиле репрезентативните резерви од вотка во подрумите на Министерството за култура, тие прешле на македонска ракија и турски чај. На крајот, двајцата високодостоинственици завршија на крцкавиот паркет во кабинетот на министерот, седејќи со скрстени нозе и пиејќи албански коњак со голема количина шеќер париња и семки од кајсии. Во знак на големо пријателство и доверба, Баздникин на Исмаили му подарил комплет озвучени руски бабушки во облик на Бетмен.

Баздникин покажал посебна благодарност за квалитетниот албански коњак и споделил со домаќинот информации за врските на опозицијата во Албанија со руските „традиции“… За јавноста е помалку познато дека сопругите на двајцата, сега веќе традиционални, другари, строго, но без голема врева, ги прекинале нивните разговори и ги земале под мишка накај дома, додека тие си мавтале еден на друг и си ветувале меѓусебна поддршка и бројни посети на Москва.

Александар М. Арнаудов – Роки


Оградување, одбрана и заштита:
Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ