На денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан изразија надеж дека е можен датум за преговори за влез во ЕУ во октомври. „Ние сме земја која е поблиску до ЕУ, благодарение на еврокомесарот Хан. Сигурни сме дека Хан ќе остане силен подржувач на политката на проширување, за време на нашиот разговор очекувам ЕУ да го одржи зборот и да ги отпочне преговорите за ЕУ во октомври. Владината коалиција никогаш нема да ги затвори портите за придонес на опозицијата“, изјави Заев.
„Станувам фосил во Европската Унија после третата номинација. Се надеваме сите ќе ги преземат сите неопходни мерки, за старт на преговорите во октомври. Жалам што земјите членки не го сторија тоа во јуни, бидејќи вие остваривте сè што беше побарано. Уверен сум врз основа на вашата изјава дека оваа одлука ќе биде донесена во октомври. Сега е време лидерите на ЕУ да ги испорчаат своите обврски“, изјави Хан.
А. М.