• Latest

„Сите сме деца на Илинден“ – слоган на сите настани на 2 Август

July 29, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Сите сме деца на Илинден“ – слоган на сите настани на 2 Август

July 29, 2019 13:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите сме деца на Илинден“ е слоганот на сите настани со кои годинава ќе се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание ан АСНОМ.  Според Владата, која на седница ја утврди Програмата за одбележување на Илинден на предлог на Организацискиот одбор, слоганот го одразува концептот на заедничките вредности кои, како што посочува – сите ги славиме, празнуваме, кои нè обединуваат и поврзуваат, нè прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

Свеченостите по повод Денот на Републиката ќе почнат со активностите на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој заедно со делегации ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклони пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто во Скопје. Претседателот Пендаровски, заедно со Сојузот на борците, ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Пендаровски и претставник на Сојузот ќе имаат обраќања по повод празникот.

Втори август истиот ден се чествува и во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што на свеченоста по повод Илинден и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе говори претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа ќе има културно-уметничка програма.

Централната свеченост за Денот на Републиката – 2 Август во Крушево ќе се одржи на Мечкин Камен, каде што делегацијата ќе ја предводи премиерот Зоран Заев кој ќе има обраќање.  Ќе биде положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, а по обраќањата ќе следува свечена културно-уметничка програма.

Во рамки на Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата и посетен меморијалниот музеј Смилево.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ