• Latest

Од главни фаци до (не)умешни рекетари

August 1, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од главни фаци до (не)умешни рекетари

Инаку, случајот „Рекет“ прв го пријавил премиерот Зоран Заев

August 1, 2019 12:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коки, Кики, Фрики… се главните рекетарски ликови во серијата текстови на новинарот Бранко Героски. Најголемиот дел од граѓаните овие текстви ги сфаќаа(т) како измислени приказни на долгогодишниот искусен новинар, дел од граѓаните тие текстови ги читаа(т) со потсмев, но, тие што малку повеќе се упатени (беа) се свесни дека сепак зад овие ликови постојат вистински луѓе.

По неколку текстови на Героски, сам се јави Коки, односно Бојан Јовановски – Боки 13, во емисија во неговата телевизија 1ТВ, каде што тврдеше дека нема никакви незаконски работи и никого не рекетирал.

По неколку дена од интервјуото, токму Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, беа уапсени во акцијата „Рекет“, и двајцата осомничени за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, а Боки-13 е осомничен и за кривичното дело „перење пари“. Боки-13 беше приведен на граница, а Кичеец, според некои медиуми бил приведен во „Воденица“.  Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра од Орце Камчев, за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат истрага „Империја“ на СЈО, каде што е обвинет Камчев.

Обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска, рече дека биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

На двајцата им е одреден 30 дневен притвор, кој го отслужуваат во затворот Шутка. За овие неколку дена во затвор, Боки-13 и Кичеец побарале лекарски преглед.

Истиот ден кога беше уапсен Боки-13, си поднесе отказ специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Образложението за оставката беше дека не сака да биде дел од политички игри. Меѓутоа, истата вечер во нејзиниот дом беше извршен претрес, беше одземен еден од двата нејзини телефони и беше предаден на вештачење. За другиот мобилен телефон рекла дека го изгубил нејзиниот син во Белград, а подоцна Јавното обвинителство со налог, преку МВР го пронајде кај сестрата на девојката на синот на Катица Јанева, Лазар Јанев кој беше вработен во 1ТВ.

Дента кога беше пронајден и вториот „изгубен“ телефон, Јанева се појави на прес-конференција во СЈО. Таа прочита дека за ништо не е виновна и дека нејзиното име било  злоупотребено, не само од Боки-13, туку и од други лица, но не прецизираше кои се тие лица што и го злоупотребуваа(т) името. Таа не одговори на новинарските прашања, на пример, како се најде нејзиниот телефон кај сестрата на девојката на нејзиниот син?

Обвинителката Вилма Рускоска потврдила дека во вториот телефон на Јанева при вештачењето не било пронајдено ништо, бидејќи бил форматиран и сменета корисничката сметка.

Во мрежата на осомничениот Бојан Јовановски, перфидно биле „заплеткани“ министри, градоначалници и други високи функционери на државата и на партијата на власт, а за да ја зацврсти својата уверливост, како што е познато, Боки-13 одржувал контакти на највисоко ниво, со сите поважни луѓе од државниот врв, како и со други познати јавни личности.

Мрежата за „Рекет“ ги зафати и градоначалниците на Битола, Наташа Петровска, и на Карпош, Стефан Богоев, кои дадоа искази пред јавниот обвинител. Тие не прецизираа за што даваа исказ, но се претпоставува дека ги повикаа да ги разјаснат околностите на кој начин биле поврзани со невладината организација Меѓународен сојуз, која била покритие и за изнудување и за перење пари.

Невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, чиј основач е Бојан Јовановски, сега осомничен во аферата „Рекет“, на 25 декември 2017 година потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски. На документот се потпишани Јовановски и министерот Горан Сугарески. Во Меморандумот пишува дека двете страни се согласиле „за меѓусебна соработка при имплементација и реализација на активности и проекти од областа на заштита на цивилно општество и социјално загрозени граѓани“, пишува Плусинфо.

По апсењето на Боки 13, згасна и 1ТВ, односно сите вработени отидоа на „колективен одмор“. Но, вчера повторно се запалија светлата и камерите во 1ТВ и новинарите продолжија со работа.

Исто така, и еден од вработените во 1ТВ дал исказ во врска со случајот „Рекет“.

Специјално јавно обвинителство работи во полн состав и интензивно на отворените случаи во негова надлежност. Од СЈО истакнуваат дека случајот „Рекет“ не е пречка тимот обвинители под раководство на Катица Јанева да не продолжи да работи и на предметот „Империја“ и во таа насока да врши истрага и да повикува сведоци.

Осомичениот во „Империја“, Орце Камчев, си ги бара парите назад што ги даде за да биде ослободен од обвинението.

Инаку, случајот „Рекет“ прв го пријавил премиерот Зоран Заев.

Дехран Муратов

Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ