• Latest

Катица Јанева сама пред новинарите, прочита дека е чиста!

July 23, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Катица Јанева сама пред новинарите, прочита дека е чиста!

СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција, беше, е, и верувам дека ќе остане симбол на беспоштедна битка против високата корупција и криминал. Оставам во наследство десетина затворени истраги, подготвени за брзо процесирање. Тие предмети ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се убедуваше да го спречи мојот реизбор и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози и кредбилитетот на СЈО“, заклучи Јанева.

July 23, 2019 14:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Точно е дека се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека на дневна основа комуницира со лицето кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена должност за да остварува привилегии и незаконити дејства“, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што наведе, некој се обидува да им нашетети на нејзиниот углед и чест.

Јанева вели дека била свесна дека со преземањето на оваа функција ќе биде цел на различни напади и политички препукувања.

„Од моментот на изборот за специјален јавен обвинител, мојата професионална биографија, приватниот живот и моето семејство беа цел на постојани напади со девалвирање и инволвирањето во дневно-политичките препукувања. Не сакам да оставам погрешен впечаток. Се нафатив на функцијата специјален обвинител во тешки околности, свесна дека ќе бидам цел на напади за моја лична дискредитација“, додаде таа.

Повикот да и се служи на државата, како што рече Јанева, и да предводи исклучително професионален тим што се занимава со висока корупција каде се инволвирани највисоки државни функционери, е сериозна чест и мнoгу голема одговорност.

Таа и се извини на јавноста што подолг период не излегла во јавноста иако, како што посочи, не и било лесно да го следи јавниот линч.

„Решив дека нема со ниту еден мој потег да создадам впечаток дека правам притисок или се мешам во истражните дејствија“, истакна Јанева.

Потсети дека веќе ја има депонирано оставката, што ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласт за новото законско решение за статусот на СЈО.

„Ја поднесов оставката зашто не сакам да бидам користена за нечие алиби за европските интеграции, но потврдувам дека нема на никаков начин да влијаам на конечниот исход на случајот „Рекет“. СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција, беше, е, и верувам дека ќе остане симбол на беспоштедна битка против високата корупција и криминал. Оставам во наследство десетина затворени истраги, подготвени за брзо процесирање. Тие предмети ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се убедуваше да го спречи мојот реизбор и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози и кредбилитетот на СЈО“, заклучи Јанева во изјавата за медиумите дадена во СЈО.

Таа не одговори на новинарските прашања.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ