• Latest

Нема приближување меѓу власта и опозицијата за клучните точки од законот за ЈО

August 3, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема приближување меѓу власта и опозицијата за клучните точки од законот за ЈО

August 3, 2019 10:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работните групи на власта и на опозицијата сè уште не постигнаа напредок во однос на законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И вчерашната средба заврши без напредок и со меѓусебни обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ бара да учествува во изборот на наследник на специјалната јавна обвинителка, а министерката за правда Рената Дескоска смета дека опозицијата промовира неказнивост со сталинистички закон.

– Одредени решенија многу лесно го карактеризираат законот на опозицијата како ретрограден и сталинистички. Опозицијата бара целосна, строга централизација на системот на Јавното обвинителство, која ќе значи јавниот обвинител Јовевски или кој и да биде, да биде човек со чиј мандат ќе бидат врзани мандатите на 27 носители на јавнобвинителската функција во државата. Со престанокот на мандатот на државниот јавен обвинител би требало да престане мандатот и на тие 27 лица кои се на чело на јавните обвинителства во државата, рече Дескоска.

Меѓу клучните разлики се прашањето за идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.

– Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојде до целосно демонтирање на структурата на СЈО, но и за жал на Обвинителството за организиран криминал. Барањето беше дека треба да биде неизвесна судбината на сите лица кои се вработени во СЈО и во Обвинителството за организиран криминал, и со нивното спојување да не се знае тие лица каде ќе одат. Понатаму тие да се распределуваат, што ќе се одрази негативно врз континуитетот на процесите бидејќи процесот на екипирање оди бавно и тоа ќе доведе и до застареност на одредени случаи, изјави Дескоска.

За статусот на предметите што се водат од СЈО во моментов, Дескоска рече дека од опозицијата инсистираат да нема одредба во законот која ќе даде надлежност на новото обвинителство да ги гони предметите од прислушуваните материјали.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонио Милошоски вчера изјави дека власта не е подготвена во системското решение за законот за јавно обвинителство да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и поголема доверба од јавноста. Смета дека власта не е подготвена вистински да се бори против организиран криминал и висока корупција.

Тој изјави дека обвинителството во случајот „Рекет“ не се труди да открие повеќе докази и податоци, туку, како што додаде, со одолговлекувањето, изгубените телефони и годишните одмори се труди како да сокрие повеќе докази за овој нивен скандал. Според Милошоски, тоа во овој момент се појавува како пречка во продуктивноста на разговорите кои се водат за законот за обвинителство.

Опозицијата не се согласува обвинителката Катица Јанева и другите обвинители, како и сите вработени во СЈО по сила на закон да преминат во Обвинителството за борба против организиран криминал бидејќи се сомневаат дека некои од нив можеби имаат улога во „Рекет“. Милошоски рече дека власта не се откажува од обвинителката Вилма Рускоска.

Следната средба меѓу власата и опозицијата се очекува да се одржи околу 15 август годинава.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ