• Latest

Обломов, Хљестаков, Мицкоски – три во едно

August 7, 2019
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обломов, Хљестаков, Мицкоски – три во едно

Христијан Мицкоски држи вистински тиради против власта,  сугерирајќи дека станува збор за ненароден режим, за терор и мракобесие во државата предизвикани од неа, ја обвинува за потези надвор од логиката на животот, за растурање на нормите на животниот идеал, кој ВМРО-ДПМНЕ ги определил како цел, критикува и се повикува на старите времиња кога криминалот бил сведен на минимум и незабележлив во редовите на тогашната власт, кога владеело непоматено спокојство, економски процут од ренесансни размери, демократија, слобода, слободна мисла, правда за сите...

August 7, 2019 10:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Милан Банов

Сликата нема да ни покаже прекрасен зимски руски пејзаж, иако, се разбира, на питорескното струшко село Ташмаруништа во никој случај не може да му се одрече убавината. Од друга страна, ниту времето не е минато, поточно средината на деветнаесеттиот век, туку е сегашно, летно, односно 2 Август  годинава. Но, на сликата се забележува човек за кој веднаш помислувате дека трансверирал низ времето и просторот и се ситуирал овде и сега, зашто, несомнено, се наметнал со одеждите на Обломов и Хљестаков. Чиниш, кога големите руски класици Гончаров и Гогољ ги креирале споменатите негативни јунаци како да го имале предвид токму него.

Меѓутоа, независно од „доблестите“ што ги присвоил од овие ликови, човеков е наш, македонски, дури и повеќе од тоа – нè уверува дека е најмакедонец. Го препознаваме, се одзива на името Христијан Мицкоски,  божемен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој, ете, за празникот дошол во Ташмаруништа наводно да оддаде почит и да го чествува илинденскиот незаборав, а всушност пристигнал да одржи говор во кој нихилизмот и омразата ќе му се примерни за политичките неистомисленици; говор во кој нема да заборави да се воздигне до небесни височини, зашто, нели, тој и неговиот газда на гости кај Орбан, се спасот за народот и државата.

Не броев, но мислам дека во празничниот говор, Мицковски Илинден го спомна три пати (нека ми прости ако било четирипати), не мерев, ама сигурен сум дека тој дел од говорот траеше 13 секунди. Напросто, според него толку заслужува празникот. Е, потоа доаѓа суштината: за Боки 13, за  Кичеец, за Кики и Фрики и, нормално за Зоки Поки, потоа за Катица и нејзините телефони, за СЈО, за Русковска, за криминал и корупција, за  неправда, за лоши новинари, за рекет, тендери, уцени, грабеж, октопод, прогон, насилство, нехуманост… И, гледајте сега: сето тоа  во миг ќе исчезне кога ќе си замине оваа власт, а Груевски ќе се врати дома за да ги продолжи реформите во сто чекори.

Христијан Мицкоски држи вистински тиради против власта,  сугерирајќи дека станува збор за ненароден режим, за терор и мракобесие во државата предизвикани од неа, ја обвинува за потези надвор од логиката на животот, за растурање на нормите на животниот идеал, кој ВМРО-ДПМНЕ ги определил како цел, критикува и се повикува на старите времиња кога криминалот бил сведен на минимум и незабележлив во редовите на тогашната власт, кога владеело непоматено спокојство, економски процут од ренесансни размери, демократија, слобода, слободна мисла, правда за сите… Не, не брзајте, немојте да мислите дека сум се поставил во  апологетска улога во однос на тие што денес се на властодржни позиции, дека нема мегдан за критика за очигледни празни одови во функционирањето, за лоши потези, за случаи на криминал, корупција, непотизам на определени личности… Но, ме плаши и самата помисла на враќањето на „старите добри времиња“, на враќањето на Груевски (освен ако откај Орбан не замине на гости кај чичко Идриз), ме плаши возобновувањето на годините на стамено поставениот животен идеал на партијата со трофејно име – да се живее во држава каде се владее во тотал, а за тие што нè владеат криминалот да е сосема нормална, природна појава.

Октроираниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ползувајќи го методот повторување до затапување, во Ташмаруништа одржа уште еден во низата говори со кој потврди дека во него се населиле и Обломов и Хљестаков (иако не верувам дека ги читал книгите „Обломов“ и „Ревизор“, за „Зоки Поки“ не знам).

Тој потврди дека е заглибен во лагата за неговата партија како демократска, тогаш кога владеела, ги потцени граѓаните, калкулирајќи со нивно кусо паметење и заборавност за периодот на груевизмот, невешто пливаше во блеферските ветувања за светла иднина истиот час кога тој и неговите (Груевски, Јанакиевски и Мијалков се подразбираат) ќе дојдат на власт, потона во мочуриштето на лицемерието – криминалот да обвинува за криминал,  лажно се претстави како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и како патриот кому Илинден му е ништо помалку од свет сакрамент, се удави во некритичко сознание дека некој го есапи како влијателна личност во политиката, дури и во губерниите за кои смета дека се во предност во однос на политичките конкуренти.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share67Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ