• Latest

Алгоритамот на моќта

August 8, 2019

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Алгоритамот на моќта

Неписмени, вулгарни и тапоглави деликвенти и морален олош зборуваат за правда, а имаат нешто сосема поинакво на ум, а моралните џуџиња, нивни намалени реплики, ги мултиплицираат нивните провидни прикаски и шират омраза и насилство, повикувајќи се на слободата на изразувањето. И тоа го купува публиката! Онака, седнати на трибините, со семките меѓу забите, зјапаат и навиваат.

August 8, 2019 09:22
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Често имам потреба да напишам дека очекувам моите текстови да се прочитаат докрај и да не се бараат скриени содржини и пораки, „меѓу редови“ како што велевме во добата на социјализмот. Јас никогаш не пишувам „меѓу редови“, не сум се плашел никогаш да го кажам тоа што знам и тоа што во што верувам, стојам зад секој свој збор. Па, еве, да напишам нешто што се подразбира: очекувам и овој напис да биде прочитан докрај, како и сите други претходно. Намената му е да објасни и поттикне. Лагата и пасивноста се наши заеднички противници, во што и да веруваме, што и да мислиме. Значи, читајте го тоа што е напишано, нема „скриени трошоци“. Па, да почнеме…

Најлесно е да се чека некој друг да ја заврши работата. А кога работите не се одвиваат како што „премудриот“ сеирџија си замислил, тој што нешто се обидува да сработи, ќе биде главниот виновник за неуспесите. Значи, не самиот причинител, туку тој што се обидува да го реши проблемот.

Во овој тежок и деликатен период, на ова општество му требаат, а ги нема (доволно), многу мудрост, храброст и отвореност. По долги години „грижливо негување“ медиумска и општа неписменост и вредности карактеристични за неразвиени и фрагментирани општества, склони кон диктатури, остануваат најраспространети инертноста, наивноста и мрзеливоста. И глупоста, во огромни количини.

Во вакви (никакви) општества, кафеанските теории на заговорот се секогаш поприфатливи отколку вистината, а јавноста е лесен плен на продуцентите на дезинформации и лажни вести. Кога царуваат неписменоста и неволноста да се согледа реалноста (која никогаш не е црно бела), наједноставно е да се прифати дека „сите се исти“ (а не се) и дека „ништо не може да се промени“ (а може)… Или, оние „подосетливите“ ќе кажат „Балкан е ова, брат“ (што ништо не кажува) и ќе ја кренат чашата за „живели“ (а после дома немаат да платат за струја). Ете го просторот за манипулации, дезинформации, лажни вести, говор на омраза, скриена пропаганда, глупост, насилство…

Потоа, во тој заглушувачки шум, се придружуваат и оние што се разочарани и умртвени, откако нивната идеја за тоа што е демократија паднала во вода. Тие се можеби писмени, но не успеваат (или не сакаат) да ги согледаат вистинските пропорции на разорувањето на системот што, всушност, никогаш и не бил развиван за да стане демократски. Напротив, системот беше крајно корумпиран уште пред криминалниот режим да го дотепа и да ја присвои и приватизира државата.

Се разбира, не е исклучено ни тоа, разочарувањето да е последица од неисполнети очекувања за лично напредување. И, секако, тешки се последиците од замор и огорченост поради тоа што револуцијата нудеше сон, а бруталната реалност на валканата политика донесе нешто сосема различно…

Неписмени, вулгарни и тапоглави деликвенти и морален олош зборуваат за правда, а имаат нешто сосема поинакво на ум, а моралните џуџиња, нивни намалени реплики, ги мултиплицираат нивните провидни прикаски и шират омраза и насилство, повикувајќи се на слободата на изразувањето. И тоа го купува публиката! Онака, седнати на трибините, со семките меѓу забите, зјапаат и навиваат.

И, повторно летаргија, мрзоволност, негативна енергија, стрес и траума. Ваква земја може само да продолжи да ги брка младите од себе, да станува се понесигурна и далеку од пожелна за живеење, да ја уништи волјата да се инвестира во материјални и духовни добра, колку и да звучи ова излитено како стар весник.

Сите заедно, не можат (или не сакаат) да разберат дека состојбите на летаргија, разочарување (со или без основа), незаинтересираност и (демонстративна) отсутност, ги прават лесни жртви на пропагандата и на хибридната војна што е во тек и има светски размери. Токму така, не можат да разберат дека секој од нив е важна и супер добредојдена единица во алгоритамот на моќта.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

Share117TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ