Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска донела наредба за претресување на сите вработени во СЈО.
Додека Јанева преку својата прес-служба ги демантираше овие навод, обвинителката Фатиме Фетаи во изјава за ТВ24 ги потврди шпекулациите. Фетаи денеска жестоко се спротиставила на ваквата одлука на својата шефица, откако била запрена од службено лице на влезот во СЈО.
„Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување. На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева“, изјави Фетаи.
Според информации од СЈО на уште еден обвинител кој утрово дошол на работа му било кажано истото.