• Latest

Скандалот со случајот „Рекет“ продолжува со распити и партиски обвинувања

August 17, 2019

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скандалот со случајот „Рекет“ продолжува со распити и партиски обвинувања

August 17, 2019 09:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води тој во СЈО. Покана за исказ е испратена и до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и се очекува таа да сведочи во вторник во Одделот на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителот Рустеми  по исказот изјави дека одговорил на сите прашања за кои што се интересирала обвинителката и ги дал сите информации.

– Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, рече Рустеми. Пред него, од почетокот на неделава искази во Обвинителството за случајот „Рекет“ дадоа и специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Нивната шефица Јанева, пак, по информациите за несогласувања во СЈО, вчера негираше дека наредила претрес на нејзините соработници при влез и излез од зградата на СЈО, објаснувајќи дека е недоразбирање, наспроти таквите завчерашни тврдења на обвинителката  Фатиме Фетаи.

– Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, изјави Јанева, која истовремено со објавата за истрагата на „Рекет на 15. минатиот месец, депонираше оставка условена со носењето на новиот закон за обвинителство, по што користеше боледување, како и еднонеделен одмор, а пред пет дена се врати на работа во СЈО.

Паралелно со случувањата во ОЈО и СЈО лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција ја обвини власта и премиерот Зоран Заев дека стојат зад „Рекет“ и ги штитат осомничените и криминалот. Од владејачката СДСМ му порачаа дека нема да успеат неговите обиди да ги одбрани, како што велат, криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев, а како што посочи, Јанева се уште го води компромитираното СЈО и треба дополнително да се испита улогата и на сите други обвинители и помошници и можноста за постоење други вакви случаи.  Го праша премиерот на што се должи заладувањето на неговата реторика кон Јанева и кон првообвинетиот за „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, а му порача и дека не може да помине неговиот предлог, како што нагласи, „компромитираното СЈО да го преслика во обвинителскиот систем“. Тврдењата за негов контакт со второсомничениот во „Рекет“ Зоран Милески Кичеец, како што рече, се обид на власта да го вмеша во „Рекет“.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, пак, изјави дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, оти  нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и оти пробуваат да ги претстават како жртви.

– Нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и  криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни, рече Костадинов.

Осомничените во истрагата Бојан Јовановски – Боки 13 и  Зоран Милевски – Кичеец се во притвор и се товарат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј. го товарат и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Во фокусот на јавноста од пред две недели  беа и разговорите објавени во „Ла верита“  поврзани со овој случај.

Реакции и апели за расветлување на „Рекет“ со ефикасна и темелна истрага постојано упатуваат како домашната јавност, така и меѓународната заедница, со главата порака дека разврската е тест за правната држава.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ