• Latest

Брифинг на СДСМ полн со оптимизам: Правна држава, повисоки плати, економски раст, ЕУ датум во октомври…

August 29, 2019
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брифинг на СДСМ полн со оптимизам: Правна држава, повисоки плати, економски раст, ЕУ датум во октомври…

На брифингот се говореше за правната држава како апсолутен приоритет на владиниот тим. Се работи на сите аспекти на владеење на правото, а отворени се и прашањата за ветингот во правосудството. Сепак, за ветинг ќе стане збор дури по добивањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, за кое во СДСМ владее цврсто убедување дека ќе се случи во октомври.

August 29, 2019 22:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покачување на платите во повеќе сектори, субвенционирање на придонесите за плати во приватниот сектор, посебно внимание и проекти што ќе ги мотивираат младите да останат во земјата, низа мерки за намалување на невработеноста… Ова е само еден дел од информациите што од високи извори на СДСМ беа споделени на брифингот вечерва, на кој беа презентирани и резултатите од истражувањето на јавното мислење според кое СДСМ е во предност во сите значајни теми и области.

Меѓу другото, на брифингот беше кажано и дека сѐ поизвесно е покачувањето на минималната плата на 16.000 денари, како и покачувањето на просечната плата. Проектот Мој ДДВ дава одлични резултати. Се прават напори за намалување на сивата економија и плаќањето на дел од платата на вработените во кеш. Дел од мерките на владата предводена од СДСМ во оваа насока ќе биде и субвенционирањето на придонесите при покачувањето на платите до сто евра.

На брифингот се говореше за правната држава како апсолутен приоритет на владиниот тим. Се работи на сите аспекти на владеење на правото, а отворени се и прашањата за ветингот во правосудството. Сепак, за ветинг ќе стане збор дури по добивањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, за кое во СДСМ владее цврсто убедување дека ќе се случи во октомври. За ветинг во правосудството не се говори сега, бидејќи тоа, според изворите од владејачката партија, може да испрати погрешен сигнал дека земјата е зад Албанија која тој процес го започна многу порано. Според СДСМ, одложување од два месеци за почеток на тој процес, сепак, не се голема разлика.

„Оваа власт покажа дека не сака да се меша во судството.“ – велат од СДСМ. Постои клиентелизам и низа други негативни појави, но постои и одлучност тие и да се надминат.

Како ќе изгледаше случајот „Рекет“ да се случеше пред 3 години? Провладиниот медиум никој немаше да го чепне, парите ќе беа земени, судиите и обвинителите ќе молчеа… – е краткиот опис за тоа како изгледаше правдата за време на режимот, а според СДСМ, развојот на настаните во овој случај говори дека власта не прави компромиси во борбата против криминалот и корупцијата.

Сепак, констатирано е дека голем дел од судските одлуки се одлага поради проблемите со капацитетот и на судовите и на обвинителствата, кои работат со некои две третини од расположливите човечки ресурси. Предметите на СЈО се решаваат со неприфатливо бавно темпо, според СДСМ.

Сериозни се знаците дека ќе се постигне договор за законот за јавното обвинителство, без преминување на црвените линии кои ги постави СДСМ, а тоа се опстанок на предметите на СЈО и стандардите со кои ќе се обезбеди независно и ефикасно обвинителство.

СДСМ смета дека е сосема прифатлив предлогот од опозициските политички партии на Албанците ветингот во судството да го водат странци, но под услов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го побара тоа.

Што се однесува до барањето за предвремени избори, нема логика да се разговара за тоа, бидејќи во тек се процеси и проекти од високо државно значење. Едноставно, нема простор за таков разговор пред да се добие ЕУ датумот и пред конечниот прием во НАТО во декември.

По прашањето за пописот, според СДСМ, тој треба да се одржи што поскоро, односно во закажаниот термин, од 1 до 30 април 2020 година. ВМРО-ДПМНЕ пред директорот на Агенцијата за статистика излегле со 23 забелешки. Меѓу другото, ВМРО бара анкетарите да работат во групи, а не индивидуално, за да се избегнело лажирањето на резултатите. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се спроведе во 2021 година. Според стандардите на Евростат, не мора да се попишат државјани што се надвор од државата подолго од една година, односно постои можноста тие да се попишат како дијаспора.

СДСМ уште еднаш ја изрази својата поддршка на идејата за една изборна единица, но и за отворени листи.

Според СДСМ, парламентарни избори ќе се одржат во втората половина на октомври 2020 година, а техничка влада ќе има сто дена пред избори, според законските решенија што произлегуваат од Договорот во Пржино (2015 година).

Џ. Дерала

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share82Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ