• Latest

Побарано прекинување и на „ТНТ“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева

August 30, 2019
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Побарано прекинување и на „ТНТ“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева

August 30, 2019 11:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната на обвинетитете во предметот „ТНТ“ на денешното рочиште побара  одложување на главната расправа до целосно решавање на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“.

Адвокатот Дончо Наков, пред почетокот на рочиштето, рече дека јавниот обвинител Бурим Рустеми е сослушан сведок за „Рекет“ и не може да ја застапува Јанева, која е во притвор.

– Доколку продолжите да работите денеска јас сметам дека треба да ви укажам на записник со цел да се знае еден ден дека вие сте дозволиле јавен обвинител кој е сослушан сведок во случај за кој обвинителката која тој ја застапува се наоѓа во притвор. Не може овој обвинител да постапува во моментот како овластен застапник на Катица Јанева поради егзистирање на правосилно судско решение за притвор, нагласи Наков.

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, посочи дека смета оти се додека не е официјално прекинат мандатот на СЈО Катица Јанева тие имаат право да ги застапуваат предметите.

– Евентуална одлука на судот и секоја друга одлука, а вклучително и одлука за притвор не е релевантна се додека нема одлука од Советот за јавни обвинители за престан на мандатот на СЈО Катица Јанева, рече Рустеми.

Посочи дека согласно законските одредби од Законот за јавно обвинителство, републичкото јавно обвинителство нема право да одлучува за СЈО, а со цел како што рече зачувување на автономијата на СЈО.

– Сметам дека судот треба да го прифати писмото од ЈО на РСМ како факт дека нема институцијата согласно наведените Закони да одлучува и согласно тоа да продолжи со постапката, изјави Рустеми.

Судијата Ставрев, пред даде пауза за да биде разгледано барањето на одбраната, информираше дека не добил одговор по барањето од осомничениот Тони Трајковски, проследено до државниот јавен обвинител, туку само добил писмо од јавен обвинител Анита Тополова Исајловска.

– Во врска со вашето барање за давање мислење за изземање на Катица Јанева. ЈО на РСМ не е надлежно да постапува по вашето барање и СЈО не е дел од јавнообвинителската хиерархија и за својата работа само одговара пред Собранието и Советот на јавни обвинители, се вели во писмото, информира судијата Ставрев.

Судскиот процес за „ТНТ“ односно уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски се наоѓа во доказна постапка. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ