На денешното одбележување на Денот на независноста ВМРО-ДПМНЕ реши да го пресконе положувањето свежо цвеќе на гробовите на двајцата поранешни претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Наместо тоа, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски го честиташе 8 септември преку фејсбук порака од врвот на Кораб.
Изостанаа и денешните соопштенија на партијата. Ниту една честитка или официјално обраќање до граѓаните на државата. Последната објава на нивната веб-страница е од 6 септември.