• Latest

Долга ноќ за македонската правда

September 11, 2019

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Долга ноќ за македонската правда

Во текот на ноќта, медиумите беа арена на спротивставените агенди. ВМРО-ДПМНЕ се обиде, релативно успешно, да ја подметне идејата дека лидерите се согласиле дека СЈО е мртво. Излезе дека и тоа е лажна вест, извори од зад затворените врати брифираа дека за власта ова е затворено прашање, бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај ЈО, сега предметите на СЈО никако не зависат од политичарите.

September 11, 2019 02:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската јавност е во исчекување на исходот од преговорите меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, што се одвиваат зад затворени врати во Собранието на РСМ. На овие преговори кои траат сега речиси пет часа, преговарачите имаат различни агенди. Иако темата е донесување на закон за јавно обвинителство, фокусот на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ е стопирање на истрагите и судските случаи што ги започна СЈО.

Во текот на ноќта, медиумите беа арена на спротивставените агенди. ВМРО-ДПМНЕ се обиде, релативно успешно, да ја подметне идејата дека лидерите се согласиле дека СЈО е мртво.

Излезе дека тоа не е точно. Извори од зад затворените врати, како што објави ЦИВИЛ Медиа претходно, брифираа дека за власта ова е затворено прашање, бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај ЈО, сега предметите на СЈО никако не зависат од политичарите. Предметите зависат исклучиво од независната правосудна институција предводена од Љубомир Јовески. Според нашите извори, „главна цел на ВМРО-ДПМНЕ им е предметите од СЈО да не продолжат, односно  обвинетите од оваа партија да не одговараат пред правосудството. Постојано ја враќаат таа тема за дискусија“.

Додека македонската јавност со нетрпение го чека исходот од овие мачни и неизвесни преговори, добро е да се потсетиме на правното мислење на Врховниот суд на 30 јануари, според кое „СЈО не смее да отвора нови случаи по 30 јуни 2017“, што било утврдено по иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, бранители на осомничените високи функционери на поранешната власт. Повеќе за ова може да се прочита во Хронологијата на процесот на донесување на Законот за јавното обвинителство, што ја објави ЦИВИЛ Медиа на 28 август.

Неизвесно е кога ќе завршат, ако завршат преговорите ноќва, па затоа е добро читателките и читателите да се потсетат дека „правното мислење“ на Врховниот суд беше еден од најсериозните удари што на почетокот на 2019 година го доживеа СЈО. Голем удар за СЈО беше и случајот што, крајно погрешно, е наречен „Рекет“. Овој случај е илустрација за тоа колку длабоко е навлезена корупцијата во системот, но и за тоа дека, правда, сепак, ќе има. Во други услови, до само пред три години, никој немаше да биде засегнат од еден ваков скандал. Ниту обвинителството ќе покренеше истраги, ниту ќе се разнишаше од корен медиум што важи за близок до власта, а уште помалку ќе имаше луѓе во притвор. Затоа, во исчекување на исходот, ако го има, од преговорите Заев – Мицкоски, добро е да се прочита и Хронологијата на настаните поврзани со случајот наречен „Рекет“.

Во меѓувреме, јавноста се надева дека правда, сепак, ќе има и дека работата на СЈО нема да биде залудна. Судејќи по цврстиот став на премиерот Заев, СЈО ќе продолжи да живее.

Џ. Дерала

 

Хронологија на процесот на донесување на Законот за јавното обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да им стави крај на предметите на СЈО, власта не попушта, преговорите без напредок

Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ