И по шест часа, нема напредок во преговорите меѓу власта и опозицијата, за донесување на законот за јавното обвинителство. Иако тимот предводен од премиерот Зоран Заев инсистира да се разговара за законот и за динамиките за негово донесување (најдоцна 15 септември), тимот предводен од Христијан Мицкоски инсистира да се преговара за предметите на СЈО, односно за нивно згаснување.
Единствена новост е дека новинарските екипи го напуштија Собранието, не верувајќи дека ноќва ќе дојде до некаков исход од оваа тешка рунда преговори.
Џ. Дерала