• Latest

Царовска: Годинава двојно повеќе средства за поддршка на жртви од родово базирано насилство

September 12, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Годинава двојно повеќе средства за поддршка на жртви од родово базирано насилство

September 12, 2019 15:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во Собранието го презентираше годишниот Извештај на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

На 9 октомври 2018 година Владата го усвои Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција за период 2018-2023.

Со цел усвојување на единствена правна рамка што ги уредува сите форми на родово базирано насилство, до крајот на 2018 година престои формирање на работна група за изработка на предлог-Закон за родово базирано насилство.

„Оваа година имаме издвоено двојно повеќе средства, односно 6 милиони и 400 илјади денари за имплементација на конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство, се со цел да ја зајакнеме заштитата. Сепак би сакала да истакнам дека превенцијата е она што е најмногу потребно во нашата држава. Кога ќе се случи жртва ние правиме максимум да ја заштитиме и да тоа не се повтори, но многу подобро за државата ќе биде да најдеме начин да тоа го превенеираме и токму во оваа насока работиме“, изјави Царовска.

Во контекст на Истанбулската конвенција се воспоставени 3 центри за упатување на жртви на сексуално насилство, каде може да се обезбеди интегриран и целосен одговор на жртвите. Во насока на јакнење на националните капацитети за идентификување на жртви/потенцијлни жртви на трговија со луѓе во јануари 2018 година беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика за формирање на мобилни тимови. Овие тимови ќе придонесат кон продлабочување на соработката помеѓу овие две институции со цел идентификација на ранливите категории лица, меѓу кои спаѓаат и жртвите на трговијата со луѓе. Мобилните тимови се составени од социјален работник, полициски службеник и претставник од граѓанскиот сектор и официјално почнаа да функционираат во март 2018 година.

Министерството со UN Women започна со активности за воспоставување на Ресурсен центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. Центарот ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.

Заедно со Агенцијата за вработување, настојуваат на еднакво учество на мажите и жените во активните програми и мерки за вработување, како и учество на младите лица до 29 години, од најмалку 30%.

„Се радувам што стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот. Исто така се усвои и новиот Закон за прекинување на бременоста, кој дава слобода и право на жената да решава за сопственото тело“, дополни Царвоска.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ