• Latest

Како настанаа азиските економски тигри?

September 16, 2019
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како настанаа азиските економски тигри?

По уривањето на Берлинскиот ѕид, „азиските економски тигри“ почнаа засилено да инвестираат во посткомунистичките земји од централна и источна Европа, со цел да послужат како мост за настап на богатиот пазар на ЕУ. Доколку во тоа време, Балканот не беше зафатен со војни и доколку балканските земји имаа лидери со визија, азиските економски тигри, своите инвестиции, поради географската положба, ќе ги насочеа на Балканот, а не во централна и источна Европа!

September 16, 2019 09:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Групата азиски економски тигри ја сочинуваат Јапонија, Јужна Кореја, Република Кина  (Тајван), Малезија и Сингапур. Спомнатите земји во втората половина од минатиот век остварија импресивни резултати во развојот на нивните економии, така што многу економски и финансиски експерти внимателно ги проучуваат нивните искуства и нивниот развоен модел го прпорачуваат на многу неразвиени земји. Меѓутоа, треба да се има предвид дека философијата, културата и менталитетот на луѓето од Југоисточна Азија се специфични, така што нивниот развоен модел тешко може да се примени во други географски региони и во други земји!

Значајно би било да се потенцира дека азиските економски тигри остваруваат импресивни резултати во услови на мошне неповолни природни, географски и климатски услови. Сите овие земји располагаат со релативно мали територии и се пренаселени, што и во минатото, но, и сега е причина за  територијални спорови, па и војни (окупација на делови од Кина и Кореја, односно Манџурија од страна на Јапонија, спор на Јапонија со поранешниот Советски Сојуз, сега со Русија околу Курилските острови, спор меѓу Кина и Јапонија околку некои ненаселени острови во Јужно-кинеското море итн.). Земјите од овој регион се сиромашни со минерални и енергетски ресурси, а се изложени на чести природни катастрофи, како што се земјотреси, временски непогоди, цунами и слични појави.

Спомнатите неповолни услови имале силно влијание на животната философија, на образованието и на менталитетот на луѓето од Југоисточна Азија. Младите генерации се воспитуваат и индоктринираат дека нивните земји се сиромашни со природни, минерални и енергетски ресурси и дека треба многу да учат и напорно да работат како битни предуслови  нивните земји да можат да напредуваат и да бидат конкурентни на светскиот пазар! Затоа нималку не е случајно тоа што земјите од југо-источна Азија имаат мошне квалитетно образование, кое едуцира кадри, кои се вешти не само во асимилацијата на туѓи знаења, туку се мошне успешни и во развојот на модерните технологии, посебно информатичките технологии!

Јапонија беше прва земја од Југоисточна Азија која се здоби со епитетот економски тигар. Во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век оваа земја се развиваше мошне динамично, така што некои истакнати економисти прогнозираа дека оваа азиска земја ќе ги стигне и ќе ги престигне САД и ќе постане светски економски лидер! Динамичниот развој на јапонската економија базираше на убедувањето на Јапонците дека нивната земја е сиромашна со природни, минерални и енергетски ресурси и дека тоа можат да го надокнадат само со макотрпно учење и напорна работа. Ваквата животна философија им беше натурена на младите генерации, така што многу млади луѓе, кои не можеа да ги издржат притисоците од страна на родителите и општеството да бидат најдобри, се самоубиваа што доби алармантни димензии! Како работници јапонците се фанатици, максимално се лојални на компаниите во кои работат, по правило не користат годишен одмор, а доколку сепак решат да користат одмор тој најчесто трае една седмица! При вработувањето Јапонците како да се „венчаваат“ со компанијата и во неа работат до пензионирањето! Динамичниот економски развој на Јапонија беше базиран првенствено на огромниот извоз, посебно во САД. Во трговијата со САД, Јапонија остваруваше огромен суфицит, кој беше генератор на нејзиниот брз економски развој. Со цел да го намалат  дефицитот и да ја запрат економската експанзија на Јапонија, САД извршија притисок на Јапонија својот развој да го пренасочи од извозот на зголемување на домашната потрошувачка што доведе до битно намалување на динамиката на нејзиниот економски развој! Значајно би било да се нагласи дека кај Јапонците постои мошне изразен економски патриотизам! Пред околу две децении во полските медиуми беше објавена информација дека, иако домашното говедско месо во Јапонија се продава по цена 100 американски долари за 1 килограм, а увозното по цена од 60 долари за килограм, Јапонците купуваат домашно говедско месо и покрај тоа што увозното месо е поквалитетно и поефтино!

Јапонија и останатите азиски „економски тигри“ имаат сличен начин за дефинирање на нивните економски стратегии.. Во овие земји постојат два совети од кои едниот е во министерствата за индустрија  во кој се артикулираат интересите на компаниите, а вториот совет е во институтот за дефинирање на  економската стратегија во кој работат врвни научници од разни области, кои ги следат и ги проучуваат трендовите во равојот на економските и научно-техничките достигнувања во светот. Со разгледување и „конфронтирање“ на ставовите и мислењата на двата совети се дефинира стратегијата за економски развој на секоја од овие земји.

Значајно би било да се потенцира дека економската експанзија на „азиските економски тигри“ во голема мера е резултат на силниот прилив на странски инвестиции, првенствено од САД. Во втората половина од минатиот век американските неолиберали предводени од Френсис Фукујама настапија со тезата дека Америка не треба да произведува и да извезува стоки и дека трговскиот  дефицит ќе го покрива со извоз на услуги, поточно со извоз на филмови, музика, интернет и слични услуги! Согласно ваквата концепција американските компании почнаа масовно да ги извезуваат своите фабрики во земјите од југо-источна Азија во кои платите на работниците беа ниски, така што спомнатите компании остваруваа огромни профити. Меѓутоа, со текот на времето Американците согледаа дека со ваквиот економски модел ја утнаа работата, така што почнаа да си ги враќаат фабриките, поточно производството. Тоа е посебно изразено по доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД.

По уривањето на Берлинскиот ѕид,  „азиските економски тигри“  почнаа засилено да инвестираат во посткомунистичките земји од централна и источна Европа, со цел да послужат како мост за настап на богатиот пазар на ЕУ. Доколку во тоа време, Балканот не беше зафатен со војни и доколку балканските земји имаа лидери со визија, азиските економски тигри, своите инвестиции, поради географската положба,  ќе ги насочеа на Балканот, а не во централна и источна Европа! Азиските економски тигри во земјите од централна и источна Европа инвестираат воглавно во автомобилската идустрија, во производството на бела техника и во информатичката технологија.

Во последно време на светската економска и политичка сцена мошне офанзивно настапува Кина која може да се оквалификува како џиновски економски тигар! Во последните две-три децении Кина бележи импресивен економски развој благодарејќи првенствено на огромните инвестиции во развојот на науката (5% од БДП!) и на брзиот пораст на извозот на кинески стоки на богатите пазари, првенствено на пазарите на САД и ЕУ! Со цел настап на пазарот на ЕУ, Кина покажува голем интерес за инвестирање во посткомунистичките земји од централна и источна Европа, кои би требало да послужат како мост за настап на кинескиот економски колос на пазарите на Унијата.  За реализација на ваквата политика, Кина најави подготвеност во земјите од овој регион да инвестира 13 милијарди евра. Кинеските инвестиции во спомнатите земји се во функција на обновата на историски познатиот „Пат на свилата“ кој кинескиот лидер Кси Џингпинг го нарече „Еден пат, еден појас“! За реализација на ваквата економска стратегија, Кина го купи грчкото пристаниште Пиреја, ја модернизира железничката пруга Белград- Будимпешта, со реални изгледи да инвестира и во модернизацијата на железничката пруга од  Пиреја до Белград. Кина е мошне активна и во градежништвото, поточно во изградбата на мостови (мостот Земун-Борча) и модерни автопати во Србија и во РС Македонија. Европската Унија јасно манифестира незадоволство поради ваквиот офанзивен настап на Кина во земјите од централна и источна Европа и апелира овие  земји  да се воздржуваат од користењето на кинески инвестиции! Со цел да го намали прекомерното загадување на животната околина во својата земја, Кинезите донесоа одлука да инвестираат во Железарата Смедерево и во РТБ, Бор.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ