Адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, потврди дека ќе бара укинување на притворот и бранење од слобода поради влошена здравствената состојба.
Во вчерашното интервју за ТВ21 Фрчкоска изјави дека Јанева е под постојана терапија со лекови, односно дека нејзината психичка состојба е влошена.
Фрчкоска во интервјуто најави дека е можна и тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО. Двете одлуки, како што вели адвокатката се уште не ги добиле.
Б. Ј.