Катица Јанева со писмо се обратила до седиштето на СЈО со барање на парите од „црниот фонд“ на обвинителството за исплата на трошоците за нејзина одбрана, како осомничена во „Рекет“.
Како што јавува „Фокус“, обвинителите „црниот фонд“ го користеле за свадби, незгоди…, а се полнел со 3.000 денари од обвинителите и 1.000 денари од останатите вработени во СЈО. Со фондот управувала Јанева, но обвинителите не знаат колку точно има во фондот, со оглед дека во континуититет тие пари се трошеле за приватни и службени цели.
Јанева во текот на утрешниот ден пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде исказ како осомничена во „Рекет“.
Б. Ј.