• Latest
Item consists of one photograph of a man sitting in an airplane. Information provided by a researcher indicates that the man is probably J.A.D. McCurdy in a bi-plane with 7-cylinder Gnome rotary engine, and that the event is probably either the Aviation Meet held at Donlands Farm, Todmorden Mills, August 3-5, 1911, or the Aviation Meet, Hamilton, July 27-29, 1911.

Преговорите конечно ќе го поттурнат нашиот децениски од во место

September 30, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Преговорите конечно ќе го поттурнат нашиот децениски од во место

Евидентно е дека симбиозата помеѓу политиката и сваровски судството и помеѓу политиката и луј витон правдата го доруинира македонскиот правен поредок. Ќе биде и натаму исто сѐ додека во македонски политички партии кои еве веќе трета деценија го обликуваат општествово, царува молкот.  Кај нив се уште нема ниту д од внатрешно партиски демократии. Широкото членство е изолирано од било какви влијанија во градењето на дневни партиски политики.

September 30, 2019 12:36
in СЛОБОДНА ЗОНА
Item consists of one photograph of a man sitting in an airplane. Information provided by a researcher indicates that the man is probably J.A.D. McCurdy in a bi-plane with 7-cylinder Gnome rotary engine, and that the event is probably either the Aviation Meet held at Donlands Farm, Todmorden Mills, August 3-5, 1911, or the Aviation Meet, Hamilton, July 27-29, 1911.

Item consists of one photograph of a man sitting in an airplane. Information provided by a researcher indicates that the man is probably J.A.D. McCurdy in a bi-plane with 7-cylinder Gnome rotary engine, and that the event is probably either the Aviation Meet held at Donlands Farm, Todmorden Mills, August 3-5, 1911, or the Aviation Meet, Hamilton, July 27-29, 1911.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ   

Во  македонското секојдневие доминира недовербата спрема сешто и секого. Спрема политиката, институциите, правдата и правниот поредок. Од тој вирус е инфицирано целото општество. Лагите и манипулациите толку се намножија што веќе не не`допира ехото на вистината. Поделбите и антагонизмите, клеветите и обвинувањата, митото и корупцијата, клиентелизмот и полтронството, воопшто криминалите од сите можни сорти ни станаа доминантни спортски дисциплини.

Веќе на стартот на оваа историска етапа по деблокирање на евроатланските интеграции, се покажува дека и натаму поради грамзливи, алчни карактерни причини, македонските политички елити се незрели на своите граѓани и на нивната држава да им обезбедат извесна европска иднина. На највлијателните партиски субјекти, и на едните и  на другите и  на третите, како да им одговара ваков неправен амбиент.

Нужниот компромис со Препанскиот отвори перспективи за интеграции, но внатрешните собраниски пазарења за промена на уставот го доурниса и онака срозаниот правосуден систем. Таа цена сега со натамошните компромиси што се бараат меѓу власта и опозицијата за законот за јавното обвинителство се на добар пат да ја амнестираат сета неправда насобрана од една цела декада наназад па до денес. Политиката успеа до темел да го руинира македонскиот правосуден систем, тој основен столб на демократијата. Се покажа дека огромното мнозинство обвинители и судии се корумпирани клиентелисти. Неотпорни на партиски влијанија и уште помалку отпорни на мито и корупција. Да беше барем малку обратно, огромното мнозинство судии и обвинители не ќе дозволеа во нивните редови да егзистираат криминогени типки и типови. Туку, како заскитани уљези, како страно тело во таа етичка професија, брзо, континуирано и систематски таквите ќе ги отфрлаше од своите редови.

Клиентелистичките еквибрилистики, тоа братство меѓу политиката и судството, ги жигоса и државата и општеството. Казната не стасува кај секого. Законот не надвиснува над моќните, па правда еднаква за сите е само фиктивна уставна категорија. Нашите бројни, за широката јавност анонимни судии, обвинители, истражители, па и адвокати, се сега единствените што би можеле да ја сменат сликата за себе и ментално и физички од корен да го ремонтираат и да го европеизираат македонски правосуден систем. И не само тие. И политичките партии особено. Во предвечерјето на почеток на преговорите со Европската Унија тие најпластично ги отсликуваат непосакуваните актуелните македонски политички, општествени и ментални состојби. А ќе си останат такви, ќе се регенерираат и натаму, сѐ додека тие самите одвнатре не се европеизираат. Ќе биде и натаму исто, сѐ додека во македонските политички партии, кои еве веќе трета деценија го обликуваат општествово, царува молкот. Кај нив сѐ уште нема ниту „д“ од внатрешно партиски демократии. Уште наликуваат на мистични масонски ложи. Широкото членство е изолирано од било какви влијанија во градењето на дневните партиски политики. Тие, како и кадровските комбинаторики, се кројат зад партиската железна завеса. Лидерот е босот, султанот, поглавицата. За неговото „хауг“ само се шепоти, но таму јавно никој ни да зуцне.

И сѐ додека е така, додека нема внатрешнопартиска контрола врз партиските кадри кои ги запоседнуваат институциите, сѐ додека нема јавна диференцијација од подмитливите клиентелисти, идентична ќе е и состојбата кога партиите ја практикуваат власта. И повторно истиот клиентелизам и истиот внатрешнопартиски молк, сега само пресликан од партиските во државните кабинети. Од партиските штабови се диктираат кадровски решенија без јавни вреднувања, се местат вработоувања, се покрива секоја пора каде што се движат буџетски пари.

Последицата од таквите контролирани внатрешно партиски уредувања е што наместо институционална и натаму егзистира партиска држава. Ваквите практики диктирани од најмоќните политички партии, земјава со години ја држат вкопана на најниската скала на европските вредносни стандарди. Кризите, политичките кризи ни станаа национален континуитет, препознатливост, автентичност, белег, државен имиџ. Во изминативе, повеќе од двеипол децении, нивен главен промотор, ако се изземат меѓуетничките инциденти, без исклучок се двете доминантни политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, попатно и едната и другата силно поткрепени од ДУИ.

Соработката, пак, на релација власт – опозиција е непозната именка во македонската политичка практика. Двата партиски субјекта, главните управувачи со Македонија, до денешен ден ништо трајно капитално не испланираа и не реализираа во единство. Ниту пат или пруга, ниту школо или болница, ниту здрави институции или независно судство… Ништо покрупно едногласно не сторија за државата и за граѓаните. Освен што произведуваат кавги со кои замајуваат за сиромаштијата и за стагнирањето на земјата. За развојните приоритети на државата и нејзините граѓани, досега заедно не сторија ама баш ништо.

Евидентно е дека симбиозата помеѓу политиката и сваровски судството и помеѓу политиката и луј витон правдата го доруинира македонскиот правен поредок. Но не е сѐ безнадежно. На прагот на почеток на преговорите со Унијата, особено поради ригидниот притисок на странските дипломати да се спасат предметите од специјалното обвинителство и криминалните афери, како оваа последната именувана како рекет, брзо да се расчистуваат, наскоро ќе се покаже дали има барем уште ронка виталност во нашиот правосуден систем. И дали ќе се има доволна доза политичка волја да се сплете доволно ситна мрежа овој пат од неа да не излизгуваат покрупните риби.

Ако тоа не се случи, ако за сметка на правото, правдата и реформите и натаму продолжат препирањата меѓу власта и  опозицијата, тогаш е мошне можно токму Унијата да поттикне вонредни парламентарни за постизборно да ни состави и парламент и влада со сите клучни политички партии сместени во власта. Под контрола на бриселските бирократи и во услови без опозиција, со конкретни задачи и рокови сите заедно да ги туркаат нужните реформи. Особено во правосудниот систем, во државната администрација, во  справувањето со корупцијата и во ослободувањето на институциите од политиката. Без напредок во овие сфери, со меѓупартиски инаетчиски препирања, ќе нема ефекти во преговорите со Унијата.

Се разбира, еден ваков засега незамислив постизборен дизајн, е можен и остварлив само со максимална волја на сите учесници во политичкиот живот. Со политичка култура која ќе надвисне над себичните теснопартиски лакомости. Со партиски лидери кои ќе имаат доблест на граѓаните да им манифестираат заедништво за напредок на нивната држава. Со план врз прецизно дефинирани задачи сите заедно да ја поместат земјава на побрзиот колосек за Европа.

Впрочем, друг избор нема. Па, колку и да се опираат креаторите на оваа и ваква криминогена Македонија, колку клипови и натаму да ѝ подметнуваат, преговорите со Унијата неминовно ќе го придвижат деценискиот македонски од во место.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    235 shares
    Share 94 Tweet 59
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    160 shares
    Share 64 Tweet 40
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ