• Latest

Информираноста на младите за работничките права на многу ниско ниво

September 30, 2019
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Информираноста на младите за работничките права на многу ниско ниво

September 30, 2019 15:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Според истражувањето што го реализираше Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа – Универзитет од Ријека вд Хрватска во рамки на проектот „Права на работа, работата за правата”, нивото на информираност на младите за нивните работнички права се на многу ниско ниво. Истражувањето е спроведено на илјада млади вработени во јавниот сектор.

Следејќи ги потребите на младите, анкетирани обучени едукатори – млади активисти на синдикатите од вклучените земји, во текот на летото разговарале за најразлични теми кои ги засегаат младите, како што се мобингот, правото на породилно отсуство, боледувањето, употреба на слободни денови за дополнително образование и многу други прашања од областа на Законот за работните односи што ги интересираат младите вработени. Повеќе од 200 млади луѓе од државава досега учествувале на овие работилници и добиле информации од прва рака.

Како што информира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), изработен е информативен и едукативен видео материјал, но и брошура „Водич низ правата од работен однос на младите, појави кои ги загрозуваат и механизмите на заштита” која е со бројни примери од пракса, а направена е на јазик разбирлив за младите.

– Резултатите од овој проект, заеднички со препораките за продолжување на оваа тема не се важни само за младите луѓе, туку и за сите вработени, а ќе биде претставен на завршната конференција која ќе се одржи во Београд на 28 и 29 ноември, со претставници на меѓународни институции и државните органи од секоја држава, изјави Бојан Трипуноски, претседател на Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ, национален координатор од Северна Македонија.

Идејата, како што соопшти Синдикатот на УПОЗ, е да се подигне свеста на младите вработени, со цел да се подигне свеста и во работното опкружување.

Синдикатот на УПОЗ е еден од десетте партнери од синдикатите, младинските организации и образовниот сектор, кои учествуваат во реализација на проектот „Права на работа, работата за правата”.

Проектот се имплементира од декември 2018 година, со поддршката од Европската унија, преку програмата Ерасмус+ во младинскиот сектор, а младите од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцегоина, Црна Гора, Хрватска и Словачка имале можност детално да се информираат за своите работнички права, како истите да ги користат во работното опкружување, но и да ги препознаат негативните појави и достапноста на механизмите на заштита, се наведува во соопштението на Синдикатот. /МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ