• Latest

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори

October 2, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори

October 2, 2019 11:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сведоци сме колку важни чекори направи вашата Влада кон остварување на целта за пристапување кон Европската унија. Ги следиме сите настани особено во областа на владеење на правото, има отворени случаи и работиме на нив. Проширувањето е важен чекор напред во Европската унија и се надевам дека оваа есен ќе биде донесена одлука со цел Северна Македонија и Албанија да почнат преговори за членство во ЕУ.

Таква порака упати денеска министерот за надворешни работи на Финска Пека Хависто, кој  е во посета на земјава на две недели пред одлуката од Советот на ЕУ за почеток на пристапни преговори со државава.

Очекувањето за почеток на преговори е став на Финска како претседавач со Европската унија, но, како што истакна, во процесот на носење одлуки се почитуваат ставовите на сите други држави членки на Унијата.

-Знаеме дека Бундестагот на Германија донесе позитивна одлука и мораме да почекаме се додека сите држави членки на ЕУ не ја заокружат својата позиција за проширувањето, рече Хависто, посочувајќи дека е потребно време да се заокружат односите особено во однос на Србија и Црна Гора, како и дека Брисел е преокупиран со многу работи како Брегзит, бегалската криза.

ЕУ, оцени, понекогаш се движи многу побавно од очекуваното, и во неа понекогаш имаме проблем со владеење на правото и почитување на европските вредности.

Не може да каже дали е оптимист или песимист за стартот на преговорите, но потенцираше дека дебатата за пристапување на Северна Македонија и Албанија се интензивира во Брисел и оти има многу позитивни коментари.

Хависто упати честитики до нашата држава за постигнатиот напредок особено по потпишувањето на Договорот од Преспа, што, потенцираше, е знак за ЕУ како може на добро организиран начин и со добра волја да се постигне договор за решавање на отворени прашања. Го нагласи и значењето на пристапувањето кон НАТО, како за нашата така и за европската безбедност.

Министерот Димитров се надева оти Финска ќе ја паметиме како држава за време на чие што претседателство со ЕУ сме добиле одлука за почеток на пристапни преговори.

– Таа одлука ќе биде заеднички успех  и важно охрабрување да продолжиме по патот што одамна го зацртавме -да си ја средиме куќата и Северна Македонија да  ја направиме модерна европска демократија, рече Димитров.

Со оглед на тоа што не делат 14 дена од состанокот на Советот за општи работи каде, како што посочи, очекуваме важна позитивна одлука за пристапните преговори, со Хависто разговарале и ги споредувале впечатоците во однос на ставовите на земјите членки. Ја презентирал нашата убедлива приказна и во однос на евроинтеграцијата и во однос на добрососедските односи, контекстот колку време чекаме, од  кога почнавме да одиме по патот и влогот што значи позитивна одлука за нас, за регионот и за ЕУ, и што би значело негативна одлука.

Појаснувајќи што ќе значи отворањето пристапни преговори за граѓаните забалежа дека работите нема да се сменат преку ноќ, но оти ќе почнеме процес во којшто ќе имаме поддршка и фондови за европски начин за живот во државата.

– Ќе има преговори  организирани во повеќе поглавја, со фокус за повеќе надеж, прогрес и економски раст. Ако успешно го завршиме тој процес младите нема да мора да одат во Германија по европски начин на живот, туку тоа ќе го имаат дома. И немаме баш алтернатива и сами да сме тоа мора да го правиме, меѓутоа ако сме во процесот ќе имаме длабок мониторинг во сите области од администрација, правосудство, особено клучно ќе биде поглавјето 23 и 24. Ред нормалности и правна држава практично ќе добиеме конкретна шанса и финансиска поддршка да си ја направиме земјата европска, наведе Димитров.

Со неговиот фински колеа разговарале и за интересот на земјава за твининг проекти од областа на животната средина и за поголема соработка во образованието, како област во која што може да се научи многу од Финска.

извор: МИА

Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ