Независниот полициски синдикат денеска излезе на мирен протест во Скопје, со цел да упати апел да се врати достоинството на полицајците.
Во знак на револт, синдикатот блокира повеќе улици. Прво, припадниците на Независниот полициски синдикат, 15 минути ја блокираа крстосницата кај МТВ, а потоа се упатија кон ССМ. Следна локација е крстосницата кај зградата на Европската Унија и на крајот демонстрантите ќе ги вклучат сирените од автомобилите пред зградата на МВР.
Едно од главните барања на Независниот синдикат е донесување на колективни договори и покачување на платите за 25 отсто.
М. И.












