• Latest

Средба Џафери-Заниер: Земјата е на добар пат да ги исполни одредбите на ОБСЕ

October 2, 2019

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Џафери-Заниер: Земјата е на добар пат да ги исполни одредбите на ОБСЕ

October 2, 2019 15:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија останува отворено за соработка со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ во поглед на остварувањето на заедничката цел – градење соживот и унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција во земјава, истакна претседателот на Парламентот Талат Џафери на средбата со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, кој е во посета на земјава.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери нагласи дека во Република Северна Македонија високо се цени константната соработка и ангажманот на високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Тој оцени дека земјата е на добар пат во целост да ги исполни одредбите на ОБСЕ, иако сè уште постојат одделни негативни перцепции, особено на ниво на локалните самоуправи.

Џафери, се додава, нагласи дека, Собранието на Република Северна Македонија од 1993 година активно учествува во работата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, а во 2016 година беше домаќин на 15. есенска сесија на ова меѓународно собрание. Тој информираше дека Собранието тесно соработува и со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога. За интензитетот на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и ОБСЕ, говори бројот на остварените средби со високи претставници на оваа Организација во изминатиот период.

Високиот комесар Заниер, пак, нагласи дека за ВКМН работата со парламентите е од големо значење. Тој истакна дека неговата посета на Република Северна Македонија е по повод промоцијата на Стратегијата „Едно општество за сите и интеркултурализам“ и оцени дека, истата преставува позитивен концепт, изграден врз цврстите основи на Охридскиот рамковен договор. Потребни се дополнителни чекори за целосна интеграција во општеството, а Високиот комесар ќе ја охрабри Владата да ги вклучи сите заинтересирани страни во спроведувањето на Стратегијата. Тој информираше за средбите одржани во рамките на посетата, при што како позитивен го оцени новиот начин на интерпретација на политичките процеси во земјата.

Високиот комесар за национални прашања, се посочува, истакна дека ги следи меѓуетничките односи во целиот регион на ОБСЕ и заклучи дека, иако не постои идеален модел, во многу земји постојат добри примери. Тој нагласи дека реформите во образовниот систем во Република Северна Македонија ќе останат во неговиот фокус, со оглед на значењето на инклузивното образование во развојот на идните генерации. Истовремено, Заниер изрази поддршка за активната улога на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, укажувајќи дека ВКНМ тесно соработува со овој меѓупарламетарен форум.

На средбата стана збор, се додава, и за интеграциските процеси на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, при што Високиот комесар Заниер изрази надеж дека очекуваната одлука од Советот на ЕУ ќе биде во вистинската насока за стабилноста на земјата. Започнувањето на преговорите со ЕУ, според Заниер ќе претставува можност за адресирање на сите отворени прашања во општеството.

Соговорниците изразија уверување дека и во иднина ќе продолжи плодната соработка меѓу Високиот комесар за национални прашања на ОБСЕ и институциите на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ