Здружението за помош на бездомници социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, организира сезонски собирни пунктови во месец октомври, со цел да се собере доволна количина на храна, хигиенски средства, постелнина и останато за покривање потребите на бездомниците за во зимскиот период.
Во октомври се одбележуваат и два светски денови, борба против гладот на 16 октомври и борба против сиромаштијата на 17 октомври што здружението ќе ги искористи со заедно уште шест дена за реализирање на собирни пунктови.
Според информациите пунктови ќе бидат поставени кај Веро, Кисела Вода во недела, 6 октомври од 11 до 18 часот и вторник, 8 октомври од 12 до 19 часот, Веро, Аеродром во недела 13 октомври и среда 16 октомври, Тинекас, Зебра во четврток на 17 октомври и недела 20 октомври и кај Тинекс, Карпош 3 во недела на 27 октомври и вторник 29 октомври.
Овие настани се дел од годишниот план на здружението со поддршка од програмата на Цивика Мобилитас.












