• Latest

Конференција: Едно општество за сите, различностите да обединуваат, а не да делат

October 3, 2019
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Конференција: Едно општество за сите, различностите да обединуваат, а не да делат

Конференцијата се одржува во Министерството за надворешни работи, а во дискусијата учествуваат премиерот Зоран Заев, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Ламберто Заниер и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.

October 3, 2019 11:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интегрирање и взаемно почитување на сите граѓани во општеството без разлика на нивната етничка, верска, јазична, културна припадност и овозможување еднакви и правични можности за сите, е целта на Нацрт-стратегијата за развој на едно општество за сите и интеркултурализмот, која денеска е предмет на дискусија на  меѓународната конференција на тема „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам”.

Конференцијата се одржува во Министерството за надворешни работи, а во дискусијата учествуваат премиерот Зоран Заев, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Ламберто Заниер и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.

Од дискусијата, во која се вклучени и експерти, пратеници, универзитетски професори ќе произлезе конечна ревизија и заокружување на процесот за конечно донесување на Стратегијата.

Премиерот Заев во своето обраќање нагласи дека Владата соработувала со повеќе чинители и граѓани за да го зајакне дијалогот на раличните заедници со цел создавање едно општество за сите, во кое секој ќе се чувствува како еднаков член.

– Ја скениравме нацрт-верзијата на Националната стратегедија, внесувајќи ги во неа сите конструктруктивни забелешки за интегрирање на етничките, верските, културните, јазичните разлики, рече Заев.

Истакна дека со меѓународниот фактор, но и граѓанскиот сектор се гради еден сеопфатен докуемнт за унапредување на една од клучните карактеристики на нашата земја – унапредување на етничките, културните и сите други различности.

-Оваа стратегија е исцрпување на една од главните карактеристики по кои не препознаваат во регионот, во Европа, но и ширум светот. Владата заедно со граѓаните посветено го гради концетот за развој на еднакво и праведно општество за сите, рече Заев.

Додаде дека досега докажавме дека можеме да бидеме модел за успешно и функционално општество за сите.

Порача да се негува ралзичноста и да живееме заедно почитувајќи ги различните јазици, културни, етникуми.

-Да ги научиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста, недискриминацијата се една од клучните придобивки за да одиме напред, рече премиерот.

Шефот на дипломатијата Димитров потсети дека во политичката криза во 2015/16 година на своја кожа граѓаните почуствувале и виделе дека негативните случувања во општеството негативно се одразуваат врз секого.

– Видовме и почувствувавме на своја кожа дека сите сме во ист брод и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми дека кога нема правда не ни оди добро, кога владее корупција сите сме оштетени, кога не ни оди економијата сите сме оштетени. Колку повеќе се обединиме на овие вредности, толку посилна ќе ни биде нацијата, рече Димитров.

Нагласи дека земјата е пред полноправно членство во НАТО, а извесна е и одлуката за почеток на преговори со ЕУ овој месец.

-Унапредувањето на кохезивноста на нашето општество подеднакво достапно за сите е еден од главните индикатори за успешната македонска приказна која сите сакаме да ја изградиме, рече Димитров.

Амбасадорот Која истакна дека со овој концепт и преку оваа стратегија се се надградува Охридскиот рамковен договор, со неа се промовира заедничко живеење во мир и напредок се отвора можноста за сите да учествуваат во јавниот живот.

-Да ги премостиме разликите и да ги продлабочиме интеграциските процеси. Се надеваме дека откако стратегијата ќе се усвои ќе доведе до поперспективни и стабилни заедници во Северна Македонија, нагласи Која.

Заниер, пак, истакна дека оваа стратегија е инспирација во денешниот свет во кој има многу примери на поделени општества.

-Ставот на Парламентот и на Владата само покажува дека стојат зад принципот, кој ние во ОБСЕ, но и ОН сакаме да го протуркаме како стратегија за создавање на едно општество за сите. Верувам дека успешно ќе ја примените оваа стратегија и ќе обезбедите стабилна иднина за сите членови на општеството без разлика на етничката припадност, рече Заниер.

Со стратегијата, додаде тој, се промовира интеграцијата на мултиетничките општества и се спречува една етничка заедница да се оддалечи од другите.

Нагласи дека треба да се негува и користењето на мајчиниот јазик, но и да се промовира знаењето на на јазикот на другите етнички заедници. Додаде дека сите држави, кои го прифаќаат мултилингвизмот имаат поголема стабилност  и рече дека треба да се најдат политички решенија за овие прашања.

Евроамбасадорот Жбогар нагласи дека токму ваквиот концепт го трасира патот на едно стабилно општество.

-Нема успешно општество без исполнети и реализирани луѓе, граѓаните не можат да дадат придонес ако сметаат дека нивното достоинство, етничките и културните специфики не се почитуваат, рече Жбогар.

Додаде дека оваа стратегија ја има поддршката на ЕУ и додаде дека „Обединети во диверзитетот“ е еден од најпознатите слогани на Унијата. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ