• Latest

Протестот на учениците во Идризово се пренесе во Собранието, Заев рече дека на родителите им се дава избор

October 3, 2019
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протестот на учениците во Идризово се пренесе во Собранието, Заев рече дека на родителите им се дава избор

Седницата за пратенички прашања почна со задоцнување зашто координаторот на ДУИ Ејуп Алими со процедурално барање инсистираше пратениците да бидат надвор од собраниската сала еден час како што 11 ученици Албанци во Идризово еден месец не посетуваат настава.

October 3, 2019 12:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седницата за пратенички прашања почна со задоцнување зашто координаторот на ДУИ Ејуп Алими со процедурално барање инсистираше пратениците да бидат надвор од собраниската сала еден час како што 11 ученици Албанци во Идризово еден месец не посетуваат настава.

Им порача на координаторите и пратениците од власта и од опозицијата „да стојат по ходниците“ како што децата во Идризово „еден месец се по патиштата“ и да го решат проблемот со тоа што, како што рече, ќе ги повикаат сограѓаните Македонци во општина Гази Баба кои се противат да се отвори паралелка на албански јазик.  Владата вчера на седница донесе одлука во Идризово да се гради ново основно училиште.

-Нека излезат и да го повикаат народот од говорница дека не е патриотизам да се спречи другиот да учи на својот мајчин јазик. Од почетокот на учебната година ние сме сведоци дека сѐ уште не е решен проблемот на сите ученици кои имаат потреба да одат во училиште. Запознат и сум заклучоците од вчерашната владина седница во однос на проблемот за тамошните ученици, но во знак на почит за учениците кои повеќе од еден месец се надвор од училишните клупи, барам владиниот кабинет и колегите пратеници еден час да стојат по ходниците, рече Алими.

Родители на 11 деца од Идризово еден месец протестираат и не ги пуштаат децата во друго училиште. Бараат тие да останат да се школуваат и од шесто до деветто одделение во село Јурумлери односно за нив да се отвори паралелка на албански јазик, а не да се упатуваат во други населени места. Според Општина Гази Баба, тоа не е финансиски одржливо зашто треба да се вработи наставен кадар.

Владата вчера на седница го задолжи МОН да преземе активности да се изгради ново основно училиште во Идризово, а на Општината Гази Баба и препорача да се води од законските одредби за основното образование и од принципите што произлегуваат од концептот едно општество за сите, како и од заложбите за интегрирано образование и во договор со родителите на учениците да ги обезбеди сите услови што ќе бидат потребни децата да учат таму каде што ќе одлучат родителите. 

За проблемот со учениците премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиуми одговори дека им се дава можност на родителите да изберат дали нивните деца ќе продолжат во Јурумлери, во Огњанци, во училиштето близу Бит-пазар. Истакна дека е договорено новото училиште да биде и за македонската, и за албанската заедница.

-Ние сме подготвени да направиме сѐ како тие ќе одлучат. Досега традицијата била до петто одделение да се во Јурумлери, после одат во училиштата од шесто одделение каде што има наставници, соодветни професори. Но ако е потребно да останат таму, ние ќе обезбедиме дополнителни наставници за насочените предмети коишто ги учат од шесто одделение. Ако одлучат да одат во Општина Петровец тогаш ние ќе го платиме превозот, а дополнително зборуваме за следната година додека се изгради новото училиште. Секако средства за тоа постојат, веднаш влегува во програмата, проект ќе се направи веројатно во следните месец до два, рече Заев на конференцијата „Едно општество и интеркултурализам“.

Прекинот на седницата за пратенички прашања, сепак, траеше 15-ина минути, а не еден час како што бараше пратеникот Алими. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија СДСМ и ДУИ дека „поради нерешени коалициски проблеми ја узурпираат седницата за пратенички прашања“ која наместо во 11 почна околу 12.30 часот. Претходно Собранието одржа вонредна седница на која по скратена постапка беше изгласано зголемување на платите во јавниот сектор. / МИА

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ