• Latest

Тетово со второ јавно претпријатие за транспорт, без ниту еден автобус

October 4, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тетово со второ јавно претпријатие за транспорт, без ниту еден автобус

Општина Тетово по вторпат основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“. Првото претпријатие за јавен превоз беше основано во ноември 2014 година, со одлука на Советот на општина Тетово.

October 4, 2019 11:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По вторпат, Општина Тетово, во септември годинава, основаше јавно претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“. По новата одлука за формирање на второто претпријатие без ветените автобуси со години по ред, во социјалните мрежи граѓаните го изразија својот револт со иронија и сарказам.

“Тетово станува прва општина со две транспортни претпријатија, а без ниту еден автобус”, беше една многуте реакции на тетовчаните. Оваа реакција дојде откако првото претпријатие формирано 2014 година, со години беше нефункционално, без автобуси, и само со ветување дека ќе се купат. Иако имаше управен и надзорен одбор, бидејќи не се стави во функција, првото претпријатие автоматски престана да работи заради законските рокови.

Директорот на претпријатието за јавен превоз ЈП „Тетово транспорт“, Фејсал Беадини, за „Порталб.мк“ вели дека не станува збор за основање на паралелно претпријатие, туку за повторување на постапката за основање.

“Во моментот кога актите за основање ќе бидат пратени до централниот регистар за регистрација на претпријатието, тие ќе бидат валидни и ќе се започне со работа. Актите сега ќе бидат пратени до Централниот регистар веднаш штом ќе станат официјални, а ќе бидат објавени во Службениот весник на општина Тетово во законски рок”, вели Беадини.

Во врска со организацијата на јавниот превоз во Тетово, Беадини изјави дека возниот ред, линиите и автобуските станици се во фаза на подготовка и сè уште не се завршени, а откако ќе бидат подготвени, ќе бидат испратени до Советот на општината за одобрување и ќе бидат објавени. Од општината тврдат дека аплицирале за заем од Светска банка за набавка на автобуси, но од таму сè уште нема информации дали да ќе го одобрат ова задолжување.

А. Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ