• Latest

ДКСК: Борбата против корупцијата, одговорност на сите луѓе во државата

October 8, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Борбата против корупцијата, одговорност на сите луѓе во државата

„Алчноста, страстите, во кои спаѓа корупцијата и подмитливоста во еден мал дел од тоа, и другите човечки страсти, се секогаш составен дел од психопрофилот на една лошо изградена личност, изјави професорот Чепреганов

October 8, 2019 16:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, денеска започна со тридневна работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 -2024.

Почетокот на работилницата на која учествуваат претставници на сите релевантни институции и организации, како и домашни и меѓународни експерти, го означија воведните излагања на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот без ресор за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски и  проф. д-р Методиј Чепреганов.

Ивановска во своето обраќање ги претстави главните цели на оваа работилница, под мотото „Со ум во антикорупциски бум“, јакнење на свеста кај граѓанките и граѓаните, но и укажување дека борбата против корупцијата не е само борба на ДКСК, туку одговорност на луѓе во државата.

„Секоја поединечна победа е значајно камче во мозаикот на нашето здраво општество“, изјави Ивановска.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потсетувајќи на начинот на кој се одбраа претседателката и членовите на ДКСК, истакна дека тие ја имаат клучната улога во борбата против корупцијата.   Според него, најголемиот проблем со кој се соочува Комисијата е промената на свеста кај функционерите и администрацијата, но и на граѓаните.

„Генерално е добро што антикоруциската политика е во јавниот дискурс и покрај обидите да не одвратат со други, етнички и слични, теми. Сметам дека треба да инсистираме сите ова да ни биде владеењето на правото и правната држава да биде тема на која ќе зборуваат сите, и владините и невладините чинители во општеството“, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, укажувајќи дека тоа се  фундаментални очекувања на земјите-членки на ЕУ во пресрет на одлуката за добивање датум за почеток на преговори.

Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски истакна дека во борбата против корупцијата, една од мерките на Владата е и усвојување на Кодексот на етичко однесување на сите владини претставници и функционери, со што може да се постигне јакнење на институциите и враќање на довербата на граѓаните во истите.

„Постои апсолутна политичка волја за справување со корупцијата во државата“, истакна Поповски.

„Алчноста, страстите, во кои спаѓа корупцијата и подмитливоста во еден мал дел од тоа, и другите човечки страсти, се секогаш составен дел од психопрофилот на една лошо изградена личност. Тоа не сакам да го изгубите од вид при носење на сит ваши одлуки. Превенцијата бара време, воспитание, образование, инкорпорација на социјални, морални, етички и духовни норми, како и спремност на личноста сите тие параметри да ги прифати, осознае, научи и применува“, изјави професорот Чепреганов во своето обраќање кое не само што го профилираше општеството во кое живееме, туку даде јасна слика на профилот на луѓето што најчесто ја водат државата.

Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси овие три дена ќе работи на  идентификација на ризиците од корупција, мерки за превенција од корупција и анализа на предложените мерки наспроти идентификуваниот ризик / состојба, со користење на SMART методата.

Биљана Јордановска

Камера: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ