• Latest

Законот за Водно една година заглавен во Министерството за животна средина

October 9, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Законот за Водно една година заглавен во Министерството за животна средина

October 9, 2019 07:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Помина повеќе од година дена откако Владата го задолжи Министерството за животна средина во рок од 30 дена да изготви предлог закон за Водно, а сè уште нема конкретна реализација на оваа Владина одлука. Донесувањето на ваков закон беше предвидено како своевидна компензација за одлуката гасоводната траса сепак да поминува низ парк-шумата, по повеќемесечните протести на еколошките здруженија за спас на Водно. Единствено што од тогаш па досега беше направено за заштитата на парк-шумата Водно беше одржувањето на јавната расправа на 26 август за студијата за валоризација на заштитено подрачје парк-шума Водно.

Изготвувањето на студијата воопшто не беше спомнато во одлуката од 86. владина седница како предуслов за донесување на законот за Водно.

„Се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање да подготви и во рок од 30 дена до Владата да достави предлог-закон за прогласување на парк шумата Водно за заштитено подрачје“, стои во записникот од 86. седница на владата одржана на 22 август 2018 година.

Градот Скопје најави дека студијата, на која работеше УНДП, морало да му претходи на донесувањето на закон за заштита на Водно, но таа доби бројни критики како од еко-активистите, така и од стручната јавност бидејќи предвидува најнизок степен на заштита на Водно од 5-та категорија, намалување на заштитената површина, а начинот на зонирање на заштитеното подрачје овозможува стопански активности во скоро 40% од парк шумата кои досега беа забранети како нови објекти за домување и за туристичка намена, но и сечење и поткастрување дрвја, напасување стока, интензивно земјоделско производство, па дури и приод на моторни возила.

„Имаме генерална забелешка на процесот на носење на Законот за Водно бидејќи како претставници од граѓанскиот сектор бевме уверувани од власта дека ќе се донесе специјален закон (lex specialis) за Водно, вели Татјана Стојановска од „Го сакам Водно“.

Стојановска смета дека студијата речиси ексклузивно се потпира само на Законот за заштита на природата и дека Водно е разгледувано само од биолошко-географски и во извесна мерка социјален аспект, дека не е земен предвид фактот дека Водно е штит од ерозија за Скопје, особено имајќи предвид дека како што и самата студија кажува над 220.000 жители живеат во неговото подножје, на што укажаа и експертите од Шумарскиот факултет од Скопје.

„Се добива впечаток дека студијата е ваква каква што е бидејќи постои намера на Водно да се вметнат нови содржини, а не да се заштити“, сметаат од „Го сакам Водно“.

Во март годинава заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули соопшти дека Законот за заштита на пределот на Матка и законот за заштита на Парк шумата Водно се во завршна фаза на изработка и дека наскоро тие ќе влезат во владина процедура.Макрадули тогаш најави и дека во идното законско решение за Водно, како и за Матка ќе се регулираат зоните на строга заштита во овие подрачја односно дека „ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ништо да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти.“ Оваа изјава на Макрадули е во колизија со она што стои во студијата за ревалоризација на Водно, бидејќи таа не предвидува заштита со која Водно би имало заштитени зони каде ништо нема да се прави.

Седум месеци подоцна се чини дека најавениот закон за Водно не е ниту почнат да се пишува со оглед дека сè уште не е завршена јавната расправа по Студијата за ревалоризација на парк-шумата Водно. „Мета.мк“ во повеќе наврати се обидуваше да контактира со заменик министерот за животна средина за да добие одговор кога се очекува исполнувањето на обврската дадена од Владата за „lex specialis“ Закон за Водно, кој беше ветен и во преговорите со граѓанските активисти што минатото лето ги блокирааа багерите за гасоводот, но барањата беа игнорирани.

Од Град Скопје, кој заедно со УНДП е изготвувач на Студијата за ревалоризација на Водно, дадоа општ одговор дека во моментов се разгледуват забелешките и коментарите за Студијата кои ги доставија до градот по што ќе се одржи работилница на која ќе бидат дадени образложенија за прифаќање или неприфаќање на секоја забелешка одделно.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ