• Latest

Отворено писмо до Макрон од македонски интелектуалци

October 15, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворено писмо до Макрон од македонски интелектуалци

Група македонски интелектуалци со отворено писму му се обратија на претседателот на Франција, Емануел Макрон, по повод блокирањето на процесот на евроинтеграции за Северна Македонија. 

October 15, 2019 10:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Група македонски интелектуалци со отворено писму му се обратија на претседателот на Франција, Емануел Макрон, по повод блокирањето на процесот на евроинтеграции за Северна Македонија.

Почитуван  Претседателе,

Г-не Макрон,

Ние како група македонски интелектуалци, вистински поддржувачи на системот на вредности врз кои што се темели Европската унија, би сакале да Ви укажеме дека блокирањето на процесот на евроинтеграции на нашата држава само од страна на Франција,   е некореткно и нечесно и во голема мера опасно. Со огромен напор и учество на голем број граѓани нашата држава успеа да излезе од рамката на затвореното општетсво. Со уште поголем напор и по цена на големи внатрешни превирања   изврши уставни измени со што се преименува од Република Македонија во Република Северна Македонија, прифаќајќи преседан дотогаш невиден во историјата на меѓународното право, и нешто што како услов Европската унија го нема поставено спрема ниту една од земјите членки при нивниот прием. Меѓу другото искрено прифаќајќи ги Вашите сугестии упатени до нашите граѓани на 22.09.2018 година, на само неколку дена пред референдумот, верувајќи Ви како на Претседател на земја која на светот му ги подари француската револуција и Liberté, égalité, fraternité.

Потписниците на ова писмо искрено ја посакуваа Вашата победа на изборите, водени од   Вашиот систем на вредности кој го прокламиравте пред јавноста, Вашата цел за унапредување на ЕУ, човековите права и слободи. Во секоја држава, па и во Франција постојат сериозни сили кои посакуваат крај на обединета Европа, шират ксенофобија и ги повикуваат сеништата кои ја втурнаа Европа во Првата и Втората светска војна. Истото е можеби поизразено кај нас, како земја која неполни 30-триесет години практикува граѓанско-демократски систем на функционирање. Факт е дека, господине Макрон, нашите институции не се на ниво на европските, дека во многу сегменти заостануваме зад европските стандарди, меѓутоа, би сакале да ве потсетиме дека како држава која произлезе од распадот на СФР Југославија, нашата јужна граница и пристапот на море ни беше блокиран од страна на Грција, што секако е спротивно на сите акти на Унијата и принципите на меѓународното право. Исто така, Македонија го почитуваше ембаргото кон остатокот на Југославија кој го наметнаа ЕУ и ОН, што заедно со економската блокада од Грција многу придонесе за наша економска стагнација и пад на животниот стандард. Сепак, мнозинството наши граѓани упорно опстојуваат на ставот дека ЕУ беше и останува наша стратешка определба.

Господине Макрон, Вашиот амбасадор во Република Северна Македонија, неговата Ексцеленција, господинот Тимоние, излезе со соопштение дека нашата држава и процесите во неа се контролирани од 10-ина семејства и дека такви земји не се пожелни во ЕУ. Голем дел од Потписниците на ова писмо се согласуваат со оваа констатација, меѓутоа, не сме сигурни дека знаете дека Вашата блокада всушност ќе ја зацементира позицијата на овие 10-ина семејства, а ќе биде нож во грбот на сите правдољубиви и слободоумни граѓани кои искрено ги почитуваат европските вредности, морални норми и стандарди и се обидуваат да изградат систем во кој токму овие вредности ќе бидат вградени во политичките и правни темели.

Од друга страна, може да се каже дека Грција е заложник на помалку од десет големи семејства, па сепак е пожелна за ЕУ. Се плашиме дека многу набргу, ќе се отвори прашањето дали всушност и повторно Франција е инструментализирана токму од Грција, а со тоа ќе се доведе под знак прашање токму Преспанската спогодба зад која и Вие лично застанавте.

Независно од тоа, ние остануваме доследно и автентично посветени на ЕУ вредностите и нивната имплементација во нашата држава, меѓутоа тоа може да влијае на желбата на граѓаните и понатаму да бидеме перцепирани како дел од франкофонијата.

Александар Тортевски
Мирјана Најчевска
Марко Дамевски
Татјана Олумчева
Самуил Стојановски
Виктор Стевиќ
Сенад Аруч
Виолета Димитровска

*Писмото на француски јазик ќе биде доставено и до француските медиуми.

 


извор: Фокус

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ