Заменикот министер за здравство, Асим Муса, денеска поднесе оставка на прес конференција за медиумите.
Оставката доаѓа по објава на видео од албански медиум, на коешто е сниман како Муса договара цена за оперативен зафат за пациент од Албанија, и зема 50 евра „капар“ надвор од целосната сума, за „кафе“, како што се изјасни во видеото.
Д.Т.