Францускиот претседател Емануел Макрон следниот месец се очекува да ги посети Скопjе и Тирана. Посетата ја најавил и тој лично во конференција оддржана по завршување на Советот на ЕУ, иако тоа помина речиси незабележано од медиумите.
Во најавата Макрон рече дека ќе се сретне со премиерите Еди Рама и Зоран Заев за да разговараат за реформите и чекорите што овие земји мора да ги преземат, како и да им покаже на двете земји дека дека европската перспектива е отворена и оти Франција ќе им помогне да ја постигнат целта.
„Ги препознавам обидите на Рама и Заев, кои се двајца храбри лидери, ќе одам да ги посетам месецот што следува… Ќе ја продолжиме работата, но и ние треба да ја направиме нашата работа и да не се лажеме себеси“, нагласи Макрон.
Порталот на Албанија exit.al пишува дека за посетата има потврда и од дипломатски избори во Тирана, но немаат детали за посетата.
А.З.