• Latest

Заев: Електричен трамвај во Скопје и гасификација за намалување на загадувањето

October 31, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Електричен трамвај во Скопје и гасификација за намалување на загадувањето

October 31, 2019 13:18
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради енормното загадување на воздухот што во изминатите деновиве се случува во Скопје и во Куманово, но и во другите градови во земјата формирани се тимови со седум владини советници кои работата на координација на сите инспенторати вклучувајќи го и МВР. Целта е, како што појасни премиерот Заев на денешната седница за пратенички прашања е да се да се делува веднаш и директно за да се спречи загадување на воздухот.

„Вчера на консултативна седница на Владата на иницијатива на министерот за животна средина оформивме дополнително тимови да делуваме таму каде што можеме директно и веднаш да го промениме, каде што МВР и сите инспекторати под контрола на кабинетот на премиерот на дневна основа ќе се вклучат за дополнително да придонесат кон затворање на проблематиката за огнови на јавни места, на палење на шумите на дополнително палење коешто предизвикува загадување. Седум советници од мојот кабинет од вчера попладне работат на координација на сите инспекторати во државата и Инспекторатот за животна средина да бидат на терен заедно со МВР се со цел да делуваме таму каде што може да делуваме“, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ за мерките против загадувањето во земјата.

Зборувајќи за мерките за заштита на животната средина и за спречување на загадувањето на воздухот, премиерот искажа жалење што поранешната влада гасификацијата ја започнала на крајот на мандатотот а требало тоа да го направи тоа многу порано. На само два месеци пред крајот на годината, додаде тој, 83 отсто од предвидените планвои за гасифиакција се реализирани за оваа година, пренесува МИА.

„Се работат двата главни коридора, Коридорот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола и другиот Коридор Скопје-Тетово-Гостивар. Паралелно се завршуваат постапките за епспроријација за Струга-Кичево. Сите општини добија налог да ги работат главните  проекти, така и Градот Скопје. Од поголемите градови повеќе од 50 проценти веќе имаат изработено главни проекти со конечна цел да се отвори дебата кој модел ќе се спроведе за гасификација. Гасифицирани градови се Струмица и Куманово“, рече Заев посочувајќи дека има четири опции за воведување на гасификацијата.

Во посета во Владата досега биле повеќе од десетина компании кои се занимаваат со гасификација. Очекува во 2020 година да се отпочне со изградба на секундарни и терцијални гасоводни системи барем во поголемите десетина градови во државата согласно одлуките што ќе ги донесат општините.

За Скопје, кој исто така е во процес на гасификација, Заев најави воведување на електричен транвај со проектирана вредност од околу 100 милиони евра.

-Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целата тендерска состојба во текот на зимскиот период и за да може градот Скопје да влезе во имплементација и реализација на проектот за електричен трамвај, се надеваме дека тоа може да го направиме од Ван Хол кој ги произведува овде, но секако постапката согласно јавните набавки е јасна, истакна премиерот.

Владата има повеќе од 15 милиони евра предвидени јавни државни пари за борба против загадениот воздух, покрај тоа секое министерство има алоцирано средства за заштита на животната средина, а најмногу Министерството за животна средина.

Министерството за здравство определило буџетски средства за адаптирање на системите за греење и приклучок на гас во повеќе болници меѓу кои болницата за Чаир и за Куманово, за којашто и Владата одвоила средства. Дополнително Владата финансиски ќе поддржи адаптирање на системите за греење и на затворот Скопје и за студенските домови.

Инверторите се само една од новините, додаде Заев ако не сметаме на гасификацијата , фотоволтаиците, и се друго што е во полза на екологијата и заштитата на животната средина и чистиот воздух. Министерството за животна средина има одвоено 618 милиони денари конкретно за инвенторите, постапка која почнува преку општини и тоа градот Скопје, Битола, Тетово, Кичево, а согласно одлука на Влада се проширува и во Куманово и во многу други општини понатаму.

„Следната година продолжуваме на целата територија на државата и подготвени сме да носиме законски решенија за зголемување на свесноста за спроведување на проектите за заштита на животната средина. Дополнително многу инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија“, рече Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ