• Latest

Манчевски: Дигитална трансформација на административните процеси и услуги во 2020

November 28, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Дигитална трансформација на административните процеси и услуги во 2020

November 28, 2019 12:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фокусот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) следната година ќе биде во дигиталната трансформација на административните процеси и услуги, преку што ги спојуваме најважните процеси: реформата на јавната администрација и дигитализацијата, најави ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Тој денеска го претстави Предлог буџетот на МИОА за следната година кој ќе изнесува 1.520.100.000 денари. Најголемиот дел од овие пари, 1.200.000.000 денари се одвојуваат за  финасирање на МРТВ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е пракса веќе трета година по укинувањето на радиодифузната такса.

– На овој начин овие три институции добиваат редовни и предвидливи средства со што имаат можност долгорочно да ја планираат својата работа и програмата. Уредувачката политика на националната радиотелевизија е автономна и независна, рече Манчевски на прес-конференција во Владата.

Според него, на почетокот на следната година ќе бидат видливи резултатите од ИПА проектот за целосна реорганизација на поставеноста на институциите, а  во фаза на евалуација на понудите е ИПА проектот од 4,5 милиони евра со кој ќе се дигитализираат клучните регистри за граѓаните и бизнисите и ќе се развијат дополнителни 120 нови електронски услуги кои ќе се нудат преку Националниот портал за е-услуги.

– На крајот на 2020, Северна Македонија ќе биде масовно дигитализирана земја, со огромен исчекор на ова поле, рече Манчевски и најави дека до крај на годинава ќе биде пуштен во употреба Националниот портал за е-услуги и воведувањето на систем за електронска идентификација, а за негово одржување, надградба и модернизација се предвидени пари во буџетот на МИОА за 2020.

Од 1 јануари следната година треба да почне примената на системот за електронско управување на документи, кој, укажа ресорниот министер, е важен за професионализација на јавната администрација и со којшто таа треба да заборави на користење хартијата. Пет илјади административни службеници во најмалку 20 институции ќе работат на единствен систем за електронско управување со документи, што понатаму ќе се шири и во други институции.

Во 2020 година, според најавите, ќе се модернизира и надградува информацискиот систем за управување со човечки ресурси. Со зголемување и подобрување на функционалностите системот ќе ги обезбедува во реално време сите податоци за вработените во јавната администрација. Ова е основа и за голем број на анализи, како и за креирање на политики согласно потребите на институциите. И ова досега беше голем проблем, рече Манчевски.

Тој потсети  дека со новиот Закон за инспекциски служби, којшто стапува во сила на почетокот на следниот месец се менува целосно концептот на вршење инспекции. Опомената се воведува како мерка пред казнувањето. Следната година во буџетот е предвидено финансирање на софтвер за е-инспекторати, со кој значително ќе се олесни и ќе стане поефикасна работата на инспекторатите.

Манчевски најави дека следната година МИОА ќе се приклучи и на програмата ИСА 2 на ЕУ со која се поддржува развојот на дигитални решенија за јавната администрација, бизнисот и граѓаните во Европа.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ